SINUS LIFT
Во телото на горната вилична коска, е сместена една коскена шуплина, која се нарекува максиларен синус. Во одредени случаи, растојанието помеѓу врвот на виличната коска и подот на синусот, може да е намелено, при што нема доволно коска, и на тој начин да нема услови за поставување на забни имппланти. Во овие случаи потребно е да се избеде синус лифт, односно подигнување на синусот и обезбедување на поголема количина на коска каде би се вградил забен имплант.
Постапката се изведува во локална анестезија, при што синусната мембрана со која е обложен синусот, нежно се подига или турка нагоре, и просторот помеѓу синусната мембрана и постоечката коска се исполнува со графт материјал. Овој графт материјал помага да се стимулира растот на нова коска, обезбедувајќи цврста основа за забни импланти. По период на заздравување од неколку месеци, новоформираната коска се интегрира со околната коска, создавајќи стабилна основа за вградување на дентални импланти. Најчести два пристапи за подигнување на синусот се: латерален и вертикален синус лифт.
При латерално подигнување на синусот, постапката започнува апликација на локална анестезија и правење на рез во усната празнина во пределот на бочната регија во горната вилица, по што во коската се прави како прозорче, низ кое со посебни кирети постепено се одлепува и подига синусната мембрана, а потоа тој простор се исполнува со графт материјал. Врз него се поставува колагена мембрана и потоа се шие мекото ткиво над мембраната.
Вертикалното подигнување на синусот е помалку инвазивно, се изведува со посебни остеотоми, со благо кршење на синусното дно и апликација на графт материјал во новосоздадениот простор. По тоа следува последователно или одложено вградување на забен имплант.