Санирање на пукнатини, фрактури (скршеници), луксации (изместување) или избивање на забите

Овие повреди на забите често настануваат како резултат на пад, удар со некој предмет или физички пресметки. Многу важен предуслов за санирање на овие повреди е времето поминато од настанување на повредата.

  • Пукнатини на забите најчесто настануваат од удар, кој не е толку силен да предизвика скршеница. Терапијата се состои од локална употреба на флуориди и калциум фосфат.

Во „Денторија“ го користиме G-aenial течниот нанохибриден композит, кој е појак и има поголема отпорност на абење од другите течни и конвенционални композити. Има висок сјај, естетика и е достапен во 15 нијанси, со кои вашите заби ќе изгледаат како природни.

  • Фрактурата (кршењето) на забот може да биде на различни делови: на коронката или коренот на забот (на различно ново) и со различно протегање на фрактурната линија. Третманот на фрактурите зависи од повеќе фактори и може да биде со надградување на изгубениот дел, лепење на скршениот фрагмент (доколку го има) и доколку е отворена пулпата, придружено со нејзино препокривање или екстирпација (вадење), а доколку не е можно зачувување на забот, тогаш е потребна негова екстракција (вадење).
  • Луксацијата претставува изместување на положбата на забот од алвеолата (просторот во кој е сместен забот во коската) и таа може да биде од повеќе различни типови: латерална (странична), интрузивна (кон внатре во алвеолата) и екструзивна (кон надвор од алвеолата). Тераписката постапка се состои од репозиција и имобилизација, во позиција на забот пред повредата. Имобилизацијата (фиксацијата) се прави со сплинтови во период од 2-3 недели (во зависност од степенот на луксација). Се прави контролен преглед по 1, 3, 6, 9 месеци со контрола на виталитет и ендодонтски третман, по потреба.
  • Авулзија или избивање на забот претставува комплетно избивање на забот од неговото место (алвеолата), надвор од усната шуплина. При оваа повреда избиениот заб може да се врати на неговото место, но многу важен е начинот на ракување со него и неговото тренспортирање до нашата ординација. Избиениот заб не смее да се допира за неговиот корен, а неговиот транспорт треба да биде во соодветен медиум како што е: физиолошки раствор, save a tooth течност (од аптека), млеко или друг тип раствор за чување на вакви заби, кој можете да го набавите од најблиската аптека. Третманската постапка се состои од реинплантација (враќање на забот во алвеолата) и потоа имобилизација – фиксирање на забот во период од 2 од 4 недели. Многу значаен фактор е времето поминато од избивање на забот. Доколку не поминало повеќе од еден час, можна е реваскуларизација на забот и враќање на неговиот виталитет. Доколку поминало повеќе од еден час, потребен е ендодонтски третман пред реинплантацијата или 7-10 дена потоа.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn

Закажи консултација