Постапка на вградување на дентални импланти

Проценка и планирање: за планирање на имплантолошкиот третман во Денториа поседуваме дигитална панорама, 3shape интраорален скенер и CBCT 12×9(компјутерска томографија), кои претставуваат најнова и најдобра иновација во стоматологијата, за да ја процениме густината и количината на преостанатата вилична коска, како и насоката и местото на вградување на имплантите во виличната коска, и да се одреди дали сте пригоден кандидат за дентални импланти, или претходно се потребни дополнителни интервенции за зголемување на волуменот на виличната коска со помош на графт материјали или подигнување на синусот(sinus lift).

Првата фаза започнува со апликација на локална анестезија на местото каде ќе се поставува имплантот, потоа следи краткотрајна интервенција од 15 минути на вградување на имплантот во коската, по што следи 3 месечен период во кој се очекува поврзување на имплантот со коската така наречен период на осеоинтеграција. Цврстата врска на имплантот со коската зависи највеќе од дизајнот на имплантната површина, при што денес има импланти кои можат веднаш по вградувањето да бидат оптеретени со привремени заби, а на тој начин иститот ден од нашата ординација да ја напуштите со комплетно вратени, естетика, говор, комфор и џвакална функција.

Забелешка: По вградувањето на имплантите можна е појава на оток и промена на бојата на образите во пределот на вградените импланти, како и присуство на тапа болка, поради притисокот кој го вршат имплантите во коската. Отокот лесно може да се реши со поставување на ладни облоги на образите кои се држат во текот на целиот ден на интервенцијата во интервали од 5 минути со пауза измеѓу секој интервал од 15 минути и таблети против оток. Болката исто така ќе биде ублажена со аналгетик препорачан во нашата ординација.

Втората фаза од градување на забните импланти е мала интервенција во локална анестезија, на откривање на вградените импланти после 3 месечниот период и поставување на гингивоформер кој ќе обезбеди соодветно формирање на непцето околу вградениот имплант. По ова се поставува абатмент, дел кој се навртува на вградениот имплант, проминира над непцето и претставува замена за забното трупче над кој потоа се зема отпечаток и се изработуваат вештачките заби.

Одржување: многу важно по вградување на забните импланти е нивното пародонтолошко одржување и доаѓањето на закажаните конторли. Доколку Вашиот избор е вградување на дентални имланти, Денториа а вистинското место за да го направите тоа, каде д-р Ертан, кој е специјалист по пародонтологја ќе Ве води низ целиот процес на вградување, а потоа и одржување на Вашите импланти и нивно долгорочно зачувување.

Ние во Денториа користиме само шрафечки импланти, односно поврзувањето на вградениот имплант и потоа вештачката коронка се прави со помош на шрафење, што е најсовремена и многу подобра опција од цементирањето. На овој начин импнатите имаат поголема долготрајност и минимален ризик, за развивање на заболувања на имплантите(перимукозитис и периимплантитис). Со одвртување на самата завртка, многу лесно може да се отстрани вештачкиот заб, да се направи потребното чистење и одржување, и повторно да се зашрафи на своето место.

Вградувањето на имплантите може да биде:

Имедијатно, односно кога имплантот се вградува, веднаш по вадењето на природниот заб, на неговото место во виличната коска, и

Медијатно, после одереден временски период од вадењето на природниот заб.

Закажи консултација