Порцеланските ламинати претставуваат тенки лушпи кои се аплицираат само врз предната површина на забот. На тој начин добиваме многу помало одземање од природниот заб, а многу поголема естетика. Се преферира да се постават во фронталниот дел кај пациенти кои не се задоволни од изгледот на насмевката, а не сакаат да ги намалат сопствените заби, за да се постави целосна коронка.