Естетскиот третман на гингивата ја враќа природно розевата боја на гингивата и е еден од најпопуларните третмани во современата стоматологија.
За природни и здрави заби што убаво изгледаат е потребна и здрава, доволно кератизирана гингива околу природните заби,а посебно околу денталните импланти за совршена естетика и долго користење на простетските надоместоци како порцелански коронки или фасети.
Гингивитис е честа и блага форма на болест на ткивата околу забите,најчесто се јавува кај пациентите кои нередовно или неправилно ги четкаат забите,односно користат несоодветна четка. Понекогаш четката е преголема и не подржува квалитетно четкање на заби, иако е пациентот убеден дека ги исчеткал забите соодветно. Пациентите кои што ретко ги четкаат забите, имаат насобран плак врз површината на забот. Тој плак преминува во меките ткива и предизвикува иритација, црвенило и оток (инфламација) на гингивата. Доколку не се спречи гингивитисот, тој од меките ткива преминува во цврстите ткива, односно во коската каде што почнува парадонтопатијата.