Орална Хирургија

Современата стоматологија и љубезниот пристап на тимот на Др. Ертан овозможуваат безболно и пријатно искуство при орално – хируршките интервенции. Посветеноста на целиот тим, како и желбата за професионално надградување ги однесе специјалистите на Денториа на многубројни светски конгреси, токму за нашите клиенти да добијат врвна стоматолошка нега. Со примена на локална дигитална анестезија, соодветни хируршки техники  и употреба на највисок квалитет на инструменти и материјали, тимот на Денториа е максимално посветен на Вашето орално здравје.
• Екстракција
е понекогаш неопходна процедура, за да се зачува здравјето на другите заби. Во Денториа, користиме дигитална анестезија за безболна екстракција на забот и сме посветени да имате одлично искуство со нас. По екстракцијата, ќе добиете лекарства за забот, како и совети како како побрзо да се опоравите дома. Доколку имате страв од стоматолошки преглед, бидете сигурни дека во Денториа ќе имате пријатно искуство. Др. Ертан и неговиот тим ќе се погрижат процедурата да биде безболна и да добиете врвна стоматолошка нега.
• Екстракција на семи-импактиран и импактиран заб (умници)
• Апикотомија (хируршко отстранување на инфекција на корен)
• Цистектомија
Синус Лифтинг

Закажи консултација