NEODENT ZI SYSTEM

NEODENT ZI SYSTEM

Во нашата стоматолошка ординација Денторија, секогаш се стремиме да Ви понудиме најсовремени решенија за Вашата насмевка. Едно од тие врвни решенија се Neodent Zi циркониумските импланти, иновативни импланти кои комбинираат естетика, стабилност и долготрајна сигурност. Овие импланти се идеални за пациенти кои бараат природен изглед, највисок квалитет и доверлив резултат.

Зошто да ги одберете Neodent Zi имплантите?

Neodent Zi имплантите се изработени од циркониум, материјал кој има природно бела боја. Ова значи дека Вашите импланти ќе изгледаат како вистински заби, без сиви тонови што може да се појават со други материјали кај конвенционалните импланти. Особено се идеални за фронталната зона на насмевката. Тие се Биокомпатибилни и сигурни бидејќи циркониумот е материјал кој е 100% хипоалергичен, што го прави безбеден за пациенти со алергии или чувствителност на метални материјали. Покрај тоа, тој е отпорен на бактерии, што го намалува ризикот од воспаленија и го прави погоден за лесно одржување орална хигиена. Поседуваат голема стабилност и издржливост благодарение на нивниот иновативен дизајн, кој обезбедуваат цврста и долготрајна поддршка. Тие се дизајнирани така што го имитираат природниот корен на забите, овозможувајќи стабилност и предвидлив резултат, дури и за пациентите со помек тип на коска. Независно дали станува збор за забите во предниот дел или задниот дел од устата, Neodent Zi овозможува совршено вклопување и природен изглед. Овие импланти се компатибилни со современите дигитални техники, што значи дека Вашата реставрација ќе биде изработена со прецизност и естетика.

Една од најзначајните предности на Neodent Zi имплантите е нивниот нов пристап на флексибилност, стабилност и естетика.

1. Нов концепт за флексибилност

Neodent Zi нуди единствена можност за третмани преку дигитални и конвенционални техники. Благодарение на двокомпонентниот систем, пациентите можат да изберат најсоодветно решение:

  • За сите региони на усната празнина, вклучувајќи фронталната зона.
  • За различни типови коски (I-IV).
  • За протетски решенија кои се целосно прилагодени на естетските барања на пациентите.

 

2. Нов концепт за стабилност

ZiLock® конекцијата и конусниот дизајн на имплантите гарантираат цврстина и предвидливост. Благодарение на:

  • Прецизна внатрешна конекција со 6 заоблени лобуси, имплантите остануваат стабилни без ротација.
  • Остеоинтегративна површина, која поттикнува брзо и безбедно поврзување со коската.

 

3. Нов концепт за естетика

Циркониумот обезбедува врвни естетски резултати, овозможувајќи Вашата насмевка да изгледа природно и ненаметливо. Системот поддржува и конвенционален и дигитален пристап, овозможувајќи природна реставрација која совршено се вклопува со околните заби.

Првиот чекор со кој започнува процесот е да дојдете на преглед каде што ќе направиме детална проценка на Вашето орално здравје. Со користење на напредна технологија, како што се 3D скенирање и дигитални фотографии, изработуваме план што е совршено прилагоден на Вашите потреби.

Потоа имплантите се поставуваат со минимално инвазивна процедура, која е безболна и брза. Благодарение на нивниот специјален дизајн, тие обезбедуваат стабилност и моментална функционалност.

Додека имплантите се интегрираат со коската, процес наречен осеоинтеграција, ќе имате привремен сет на протетски заби, што значи дека истиот ден ќе ја напуштите нашата ординација со комплетно функционална насмевка. По завршувањето на заздравувањето, поставуваме трајни коронки кои се совршено дизајнирани за да одговараат на Вашите природни заби.

Одржувањето на Neodent Zi имплантите е лесно и слично како грижата за Вашите природни заби. Редовно четкање, употреба на забен конец и рутински стоматолошки контроли се клучни за да се осигурате дека вашите импланти ќе траат многу години.

Neodent Zi Ceramic Implant System не е само имплант – тоа е нов начин на размислување за Вашето орално здравје. Доколку барате природен, сигурен и естетски совршен начин за враќање на Вашата насмевка, закажете консултација во „Денторија“ уште денес. Вашата нова насмевка е само на еден чекор од Вас!