ИМЕДИЈАТНА ИМПЛАНТАЦИЈА
Имедијатната имплантација е постапка при која во еден хируршки зафат се изведува и вадењето на природниот заб и поставувањето на имплантот на местотот на изведениот природен заб. На овој начин се скратува времето до поставување на вештачите заби, а на тој начин веднаш ја враќаме Вашата насмевка и функција на џвакање и говор. Со имедијатната имплантација, се спречува и губитокот на коска, кој се случува по вадење на природните заби. За успешно вградување на забните импланти многу битна е примарната стабилност на забниот имплант, што се дефинира како првична инсерција на имплантот во коската. Фактори кои влијаат на примарната стабилност на имплантот се: дизајност на имплантот, густината на коската како и самата хируршка техника на вградување. Ние во Денториа на заби што се разнишани и што коската им е деструирана, а се наоѓаат во естетската регија 3ка до 3ка, во истата интервенција ги вадиме забите и поставуваме дентални импланти на нивнот место. На овој начин нашите пациенти за 24часа ќе добијат нови привремени заштитни заби кои ќе можат веднаш да ги користат.
Со оваа постапка истовремено добиваме 4 поволности:
1.Добиваме Остеоинтеграција(поврзување на имплантот со коската).
2.Пациентот за 24часа добива нови заби односно, Функција.
3.Пациентот добива пластични заби кој се дигално изработени, и може да се направат и преправат според желбите на пациентот, со ова Пациентот довиба Естетика.
4.Го оформуваме мекото ткиво околу забите, однсно профилот како да излегува од природен заб, формираме секунадарен сулкус – Билогија.
Првата предност што ја добиваме со екстракција на забите е тоа што ние ја водиме односно ја контролираме коската како да расте врз имплантите. Во 99% од случаевите добиваме примарна стабилност на имплантите.
Исто така многу битен фактор за успех во имплантологијата е мекото ткиво, односно го формираме профилот во пределот на вратот на забот, да изгледа како природен заб, односно како да никнува од непцето.
Многу пати како Пародонтолог д-р Ертан зема слободен меко-ткивен графт од палатиналната страна(внатрешната страна на непцето) на пациентот и го поставува на букалната страна, односно на надворешната страна на мекото ткиво, и на тој начин го зголемува волуменот на гингивата и се добива многу повеке кератинизирана гингива која што го штити забниот имплант од секакви инфекции.
На овој начин се добива подобар гингивален слукус, односно простор помеѓу забот и непцето и поотпорна прикрепена гингива.
Уште една поволност на нашите пациенти во Денториа како еден од научно докажаните фактори на успех во денталната имплантологија е користењето на PRP и PRF, за кои методи, д-р.Ертан е магистер на науки по орална хирургија.
PRF претставува Крвна плазма со зголемен број на тромбицити, ниското ниво на pH вредност (6.5.-6.7), што го прави ова соединение способно да спречува/намалува бактериски раст и развој, кратко кажано делува како бактериостатик во комбинација со PRF, научно докажано е дека 14 дена, денталните импланти ни ги штити од секакви инфекции. Исто така дел од другите предности на PRF се: со ослободувањето на фактори на раст и привлекување на голем број на градбени клетки на местото на интервенцијата, стимулира побрзо зараснување на раната, намалување на болката после интервенцијата, зголемување на локалната имунолошка одбрана, бидејќи потекнува од крвта на самиот пациен е доста безбеден, економичен е и лесен за работа.