ГРАФТОВИ

Успешното сместување на забниот имплант зависи од соодветното количество на присутна коска, како во висина така и во ширина. При постоење на интензивна загуба на виличната коска или голема близина на анатомските шуплини како максиларниот синус во горанта вилица и мандибуларниот канал во долната вилица, потребни се дополнителни интервенции со кои ќе се зголеми волуменот(квантитетот) и густината(дензитетот) на виличната коска, пред поставувањето на денталните импланти.

За оваа намена во Денториа користиме различни графт материјали и мембрани.

Графтовите генерално се поделени во четири групи:

• Автографтови
• Алографтови
• Алопластични графт материјали
• Ксенографтови
• Мембрани

Автографтови, потекнуваат од самиот пациент, односно се земаат делови од други коски за да се постават на местата каде ни недостасува коска за поставување на забен имплант.

Алографтови, потекнуваат од друг човек, при што претходно се соодветно обработени, за да се елиминира антигнеската компонента, и на тој начин да се избегне отфрлање на графтот после неговото трансплантирање.

Алопластичните графт материјали (синтетски коскени графт материјали), стимулираат враснување на нови крвни садови и населување на околната коска со потребни клетки кои ќе стимулираат создавање на коска од самиот пациент на местата каде таа недостасува.

Ксенографтовите се добиваат од други видови(животни) и преку отстранување на органските компоненти не предизвикуваат реакција на отфрлување кај човекот. Се ресорбираат постепено и се заменуваат со коска на домаќинот(индивудуата каде се поставени).

Мембраните кои се користат во овие процедури, служат да го ограничат дефектот во кој треба да се создаде коска, да го задржат графт материјалот на тоа место и да спречат враснување на други ткива во местото каде треба да се стимулира создавање на коска. Може да бидат од најразлично потекло. Во Денториа, д-р Ертан многу често ги косристи PRF мембраните кои потекнуваат од крвта на самиот пациент, поради тоа се многу безбедни за употреба, без ризик за отфрлање.

Закажи консултација