Eкстракција на заби

Eкстракција на заби
Во одреден клинички ситуации, при постоење на периапикална патологија(во пределот на врвот на коренот на забот), одонтогени инфекции(инфекции предизвикани од забите), неповолни фрактури на забите или од ортодонтски и протетски причини е неопходна екстракција односно вадење на забите. Претставува постапка која се изведува под локална плексус или спроводна анестезија и употреба на соодветни инструменти како: клешти, полуги и кирети и слично. Екстракцијата може да биде обична, атипична(со сепарација – одвојување на корените, при фрактури најчесто) и оперативна.Многу пати после екстракција на забот во Денториа препорачуваме и поставување на вештачка коска и колагена мембрана за да ја зачуваме коската во посакуваното ниво и за да обезбедиме добра коска за денталниот имплант или пак можеме одма после екстракцијата на забот да се постави дентален имплант.
Во Денториа поседуваме томографија на која 3д ја гледаме коската и планираме како да се постави денталниот имплант
Напомена: по екстракција на заби, исхраната во текот на тој ден треба да биде ладна и кашеста, не се препорачува пушење цигари, спиењето да биде на спротиванат страна од лицето и доколку се јави болка, може да се земе аналгетик, но не аспирин или андол, поради предизвикување на крварење. Во случај на појава на некаква компликација задолжително јавување кај матичниот стоматолог.