Дентална и реставративна стоматологија

Лекување на кариес

Денталниот кариес е мултифакторијално (под влијание на повеќе фактори) бактериско заболување на забите, кое се карактеризира со деминерализација на забите и формирање на кавитет. Главната причина за појава на кариес претставува лошата орална хигиена, односно денталниот плак.

Кариесот се лекува најпрво со негово чистење и отстранување на кариозно променетото забно ткиво, а потоа се поставува подлога и пломба, која го надополнува изгубеното забно ткиво. Зависно од големината на кариесот, постојат едноповршински, двоповршински или триповршински пломби, од што зависи и цената на чинење на пломбата. На крајот следува полирање на пломбата за да се обезбеди мазна површина на која нема да се таложи плак.

Во „Денторија“ ги користиме нанокомпозитите, кои претставуваат најнова иновација во областа на композитите. Претставуваат композити со нанополнило, чија големина на честички е под брановата должина на светлината. Поради ова поседуваат одличен естетски изглед и цврстина, која е супериорна во споредба со другите типови композити. Ги користиме Во EQUIA пломбите, кои се со подобрени механички својства – отпорност на кршење и високи естетски својства со голема палета на бои, идентични како вашите природни заби. Притоа испуштаат флуориди и спречуваат појава на кариес.

Отстранување на пигментации

  • Пигментациите претставуваат пребојувања на забите, кои настануваат како резултат на навлегување на одредени пигменти во забното ткиво. Тие може да бидат предизвикани од широк спектар на фактори како што се: користење цигари, прекумерна употреба на кафе, прекумерна употреба и големи дози на одредени лекови (пример: тетрациклини, егзогени флуориди) и присуства на хромогени (пребојувачки) бактерии. Во „Денторија“ правиме успешно отстранување на поголем дел од овие пигментации само со пескарање на забите. За отстранување на некои пигментации е потребно белење на забите.

 

Во „Денторија“ белењето го правиме со BEYOND-системот за белење, кој е моментално најнов и најдобар систем за белење на заби.

Професионалното белење може да се изведува во ординација и во домашни услови. Во ординација е под надзор на стоматолог и главно се базира врз карбамид пероксид или водороден пероксид. При ваквото белење е можно избелување на неколку нијанси на вашите заби во една посета.

За домашно белење се користат специјално изработени лажици за белење за секој пациент и професионални гелови за белење, кои се со пониска концентрација од оние што ги користиме за ординациското белење.

По белењето може да се јави преосетливост на дразби како топло или ладно, но во „Денторија“ таа успешно се превенира и решава.

Закажи консултација