За да останат забите постојано бели, препорачуваме домашно белеење по потреба. Во Денториа ќе добиете инструкции за белеење во домашни услови, како и Whitening Kit за избелување на забите за домашна употреба со кој ќе можете да ја освежите белата боја (имаме во понуда вкус на мента или диња, кој што е веган, безглутенски).
По секое белеење, препорачуваме да се користи Opalescence паста за да се намали сензитивноста (осетливоста) на забите.
Белеење на ендодонтски лекуван заб.
По умртвување на фронтален заб, ако се дојде до измена на бојата (односно, ако стане потемен забот), ние во Dentoria нудиме избелување на тој заб со специјален гел за белеење на ендодонтски третирани заби.