ALL ON FOUR

Концептот на третман со импланти ”All on four” , познат и како „Заби во еден ден“, е извонредно стоматолошко решение со кое пристапуваме кон реставрација на целата уста празнина. Оваа иновативна процедура Ви нуди можност да ја вратите својата насмевка, самодоверба и орална функционалност во еден ден.

Концептот на импланти All-on-4 вклучува поддршка на комплетен сет на заби на само четири забни импланти поставени под агол. За разлика од традиционалните процедури за имплантација за кои е потребен еден имплант за секој изгубен заб, All-on-4 користи четири импланти под агол, во деловите од вилицата каде има најцврста коска, и на тој начин максимално користење на преостанатата расположлива коска, и избегнување на потребата од коскена надокнада. Оваа техника овозможува поефикасна и поекономична опција за третман, бидејќи ја намалува сложеноста на процедурата и го скратува целокупниот временски период за лекување.

Процесот обично започнува со сеопфатен преглед, вклучително и дијагностичко снимање, за да се оцени оралното здравје на пациентот и да се одреди најсоодветен план за лекување.

На денот на процедурата, сите преостанати заби кои се индицирани за вадење, внимателно се вадат, а забните импланти стратешки се поставуваат под специфични агли во коската на вилицата, два по предниот дел на виличната коска, и два импланти поставени под агол во бочната регија.

Процедурата трае околу 120-180 минути и се изведува под локална анестезија. Доколку се извадат преостанатите заби, потребно е и моделирање на гребенот на вилицата. Со оваа процедура се израмнува нивото на коската на вилицата, што е важно за естетиката и функционалноста на мостот врз имплантите. Четирите импланти се поставени под нивото на коската, на кои се фиксирани аголните multi-unit абатменти. Абатментите со повеќе единици овозможуваат паралелизирање на излезните профили на импланти кои се поставени под различни агли, се со цел за непречено упасување на протетската реставрација врз имплантите. Овие импланти служат како носачи на протетски изработени забни коронки кои потоа ќе бидат поставени на нив. Бројот и локацијата на импланти може да варира во зависност од индивидуалните фактори, како што се густината на коските и целокупното орално здравје.

Откако имплантите безбедно ќе се вградат во виличната коска, на нив се поставуваат привремен сет на протетски изработени заби, што ќе Ви овозможи да ја напуштите нашата стоматолошката ординација со целосно функционална насмевка истиот ден. Овие привремени заби се дизајнирани да обезбедат моментални естетски и функционални придобивки, додека имплантите заздравуваат и се интегрираат(поврзуваат) со коската на вилицата.

За време на процесот на заздравување, кој обично трае неколку месеци, имплантите се спојуваат со околната коска преку процес наречен остеоинтеграција. Оваа интеграција обезбедува цврста потпора за дефинитивните протетски коронки.

Откако ќе заврши заздравувањето, се враќате во нашата ординација за да се направи замена на привремените со трајни забни коронки. Трајните забни коронки се прецизно дизајнирани да одговараат на Вашите природни заби во однос на формата, големината и бојата, што резултира со убава насмевка со природен изглед.

Едни од најзначајните предности на овој концепт е моменталното подобрување на оралната функција, естетиката и самодоверба кај нашите пациенти.

Одржувањето на имплантите е слично како грижата за природните заби. Редовното четкање, користење на дополнителни средства за орална хигиена, забен конец и рутински стоматолошки прегледи се клучни за да се обезбеди долготрајност на имплантите и целокупното орално здравје.

Ако размислувате за импланти All-on-4, неопходно е да направите консултација во нашата ординација, Денториа, која е специјализирана за оваа процедура. Ние ќе ги процениме Вашите специфични потреби и ќе Ве водиме низ процесот на лекување, обезбедувајќи персонализирана нега и поддршка.

Закажи консултација