ALL ON 6
Процедурата All on 6 е револуционерна хируршко-протетска процедура на поставување на забен мост на само 6 импланти. Со оваа процедура Ви овозможуваме да ја напуштите нашата ординација со комплетно нови заби, во истиот ден на сериската имплантација на забни импланти. Постапката All on 6 е слична на техниката All on 4 во денталната имплантологија. Но, наместо да се вградат 4 импланти, се вградуваат шест импланти на местата каде што има најмногу коска во вилиците. Техниката е дизајнирана да користи само 6 импланти кои се подготвени за истовремено оптоварување и изработка на забен мост.
Разликата во однос на процедурата all on 4 е што може дополнително да се вградат уште два забни импланти во пределот на синусите, под услов да има доволно коска. Доколку нема, потребно е да се извршат процедури за подигнување на синусите(sinus lift) или за да се избегнат овие процедури, се прави процедурата all on 4.
Кога се спроведува постапката аll on six?
Постапката All on 6 е идеално решение за пациенти кои носат мобилни протези и кои имаат проблеми со иритација на непцата од протезата, тешкотии со џвакањето на храна и зборување. Овој метод ќе ја врати Вашата самодовербата бидејќи ќе ги реши потешкотиите со џвакањето и зборувањето.
Постапката аll on six обезбедува врвен резултат, бидејќи забниот мост совршено ќе ги имитира Вашите природни заби – и естетски и функционално. Бидејќи имплантите се поставуваат таму каде што коската е најсилна, на тој начин ја штитат коската од понатамошен губиток(ресорпција).
Постапката се одвива во локална анестезија и во три фази. Во првата фаза се прави 3Д дентална снимка, се вградуваат имплантите и истиот ден се фиксираат привремени забни мостови. Во втората фаза која се одвива од 4-6 месеци, после заздравувањето на имплантите и нивното врзување со коската, се зема отпечаток за траен мост и се отстранува привремениот забен мост. Во третата фаза, се фиксира трајниот забен мост.
Со користење на само шест стратешки поставени импланти, овој метод Ви обезбедува исклучителна стабилност, издржливост, естетика и функција, давајќи Ви сосема нова насмевка и обновено чувство на самодоверба. Доколку сте подготвени да го трансформирате Вашето орално здравје и да ја вратите убавата насмевка, All-on-6 концептот во Денториа, би можел да биде идеалното решение за Вас.