All on 4
All on 4
Концептот All-on-4® во Денториа се смета за најголем напредок во денталната имплантологија. Станува збор за концепт за рехабилитација на беззабени вилици кој обезбедува непосредна функција (поставување на денталните импланти, абатменти и поврзување на привремена протеза во истиот ден од операцијата. Од 1998 година, кога првиот пациент беше вклучен во првата научна студија за потврдување на овој концепт од страна на Паоло Мало, All-on-4® им овозможи на илјадници пациенти да се рехабилитираат и да уживаат во функционалноста и естетиката на забите во текот на нивниот живот, независно од возраста. Денес, светската стоматологија располага со повеќе од 100 научни студии објавени на оваа тема кои што претставуваат значајни ресурси, како и над 20 години следење на оваа процедура. Концептот All-on-4® се смета за обележје во модерната дентална имплантологија.
Рехабилитацијата на беззабените вилици
е предизвик, бидејќи губењето на забите е придружено со губење на коскената маса односно на алвеоларната коска, предизвикувајќи ресорпција и на максилата и на мандибулата, отежнувајќи го поставувањето на денталните импланти. Токму поради оваа причина, оваа техника се користи,истиот ден кога ќе бидат екстрахирани (извадени) забите, веднаш по екстрахцијата се поставуваат и денталните импланти.
Финализирањето на процесот на комплетна рехабилитација може да се заврши после најмалку 6 месеци или година дена или повеќе со поставување на дефинитвни заби кај пациентот. Во периодот од 6 месеци до година дена пациентот има фиксни композитни заби на протеза (привремена) која е врзана за имплантите и воопшто не претставува ограничување во социјалниот, говорниот или естетски живот.
Концептот All-on-4®
Концептот All-on-4® се основа на четири импланти, кои што се поставени во беззаба вилица како столбови: два импланти се вметнати во предниот дел на вилицата во аксијална положба или благо навалени напред, и два импланти (по еден имплант во коса положба билатерално) за да се обезбеди потребната примарната стабилност на денталните импланти и да се се изработи привремената протеза истиот ден од операцијата. На денталните импланти им се дава функција во текот на периодот на функционална остеоинтеграција.
Концептот All-on-4®
Откако ќе се постигне остеоинтеграција, се изработуваат дефинитивни заби од избраниот материјал (Zirconium, Metal Ceramics или Titan Ceramics). За материјалите можете повеќе да прочитате на следниот линк
Пост-оперативна нега
Инструкции за нега по поставување на импланти
По секоја хируршка процедура, на телото му треба време за опоравување. Би сакале да Ви помогнеме со совети за внимателно да се грижите за своето здравје во домашни услови додека се опоравувате. Секогаш сме тука за сите Ваши прашања и за поддршка за време на сите фази од процедурата на поставување на импланти. Запомнете, секој организам е различен и уникатен, па процесот на опоравување ќе биде различен за секој пациент
Нега веднаш по поставувањето на имплантите
Уста и усни
• Аплицирајте кесички со мраз на Вашето лице (кои ќе ги добиете од персоналот на Денториа) после операција, околу делот каде што е оперирано, прецизно пратејќи ги професионалните инструкции на Вашиот стоматолог.
• Хидрирајте ги усните со балзам за усни
• Потрудете се да не плукате, да ја испирате устата првите 2 дена постоперативно во периодот кој што е одреден од Вашиот стоматолог.
Болка
Одмор
• Избегнувајте физички напор
• Не возете
• Избегнувајте да зборувате многу. Зборувајте поретко и потивко.
Генерална Нега
Средина
Избегнувајте претерано топли и загушливи простори. Избегнувајте изложување на сонце, влажност или дожд.
Храна
• Избегнувајте да пиете или да јадете додека трае дејството од анестезијата, почекајте дејството од анестезијата да помине во целост. Избегнувајте топла храна и пијалоци, како кафе и чај, посебно во првите 24 саати по операцијата.
• Не пушете и не пијте алкохол.
• Џвакајте на спротивната страна од Вашата хируршка интервенција.
• Обидете се да пиете и јадете мека храна, ладна или замрзната храна (овошни сокови,јогурт, ладни супи и манџи), поготово во првите 24 саати по операцијата.
• Не дозволувајте наслаги од храна да се насоберат околу вашите конци (затоа во Денториа секогаш подаруваме четка за постоперативна нега).
• Пијте многу вода, хидратацијата е многу важна.
• Вратете се на Вашите нормални навики на јадење и пиење постепено, по третиот ден од операцијата
• Не земајте лекови на празен стомак
Спиење
Пробајте да спиете со главата подигната (во споредба со телото). Користете повеќе од една перница. Лежете со лицето свртено према плафонот или на спротивната страна од каде што ја имавте операцијата. Не ги пипкајте Вашите конци со прстите или некој друг објект (стапче итн.)
Орална Хигиена
Мијте ги забите без или со многу малку паста, освен во деловите каде што е оперирано, каде треба да користите специјална четкичка за по операција (без да се допира гингивата).
Четкајте го јазикот и користете чистач за јазикот.
Користете забен конец нормално, освен во делот каде што е оперирано. Аплицирајте го антисептичкото средство по инструкциите на Вашиот стоматолог.