Д-р Ертан Омеров, заедно со тимот на Вик Дентал, имаше чест да присуствува на симпозиумот “Best of the Best,” организиран од Македонското Имплантолошко Здружение, кој се одржа во Скопје на 2 ноември 2024 . Настанот беше престижен собир на професионалци од областа, посветен на најновите достигнувања во оралната хирургија, имплантологијата и фацијалната естетика, и претставуваше одлична платформа за размена на идеи и иновации.

Д-р Ертан Омеров имаше можност да одржи две презентации, при што ги сподели своите знаења и искуства од имплантологијата, со акцент на модерните пристапи и интеграцијата на дигиталните технологии. Неговите презентации беа насочени кон практичната примена на современите имплантолошки техники и влијанието на дигитализацијата врз прецизноста и квалитетот на резултатите.

Во рамките на симпозиумот, д-р Омеров исто така водеше курс, поддржан од 3Shape, каде што се потруди во неколку часа да им го доближи на учесниците историскиот развој и квалитетите на 3Shape скенерот. Со фокус на високата точност и технолошките иновации, д-р Омеров ги објасни техниките за користење на скенерот за постигнување оптимални и долготрајни резултати.


Ваквите настани претставуваат одлична можност за професионален развој и вмрежување со колеги кои имаат ист стремеж кон напредок и подобрување на стандардите во нашата професија
