Чистење забен камен
Чистење забен камен
Забниот камен е цврста забна наслага, силно врзана за забите и тој не може да се отстрани со помош на четка и паста за заби во домашни услови. Неговото отстранување мора да биде професионално со употреба на рачни или машински (ултразвук) иструменти за таа намена. Забниот камен делува како индиректен причинител за појава на пародонтопатија. Бидејќи тој има рапава површина која е извонредна за наталожување на дентален плак, но исто така поради притисокот на гингивата (непцето) го нарушува протокот на крв низ гингивата што исто така е една од причините за појава на заболувања на потпорниот апарат на забот. Отстранувањето на забниот камен го правиме најчесто со ултразвук од фирмата ЕМС, кој со помош на ултразвучни вибрации прави разрушување на структурата на забниот камен и овозможува негово отстранување. По ова се прави испирање со хидроген, бетадине, и на крај полирање на забите со четка и паста за да се создаде мазна површина на забите за помало атхерирање на плак.
Напомена: После отстранување на забниот камен може да дојде до мало расклатување на забите, бидејќи тој делувал како имобилизациона шина која ги држела забите да не се луксираат (клатат). Но тоа луксирање (клатење) на забите не е предизвикано од отстранување на забниот камен. Луксирањето на забите е настанато како разултат на оштетување и губење на поголем дел од потпорниот апарат на забот (гингива, периодонциум, цемент и алвеоларна коска), кој настанал примарно како резултат на несоодветна орална хигиена и присуство на големи количини на дентален плак. Поради овие причини забниот камен мора да биде отстранет бидејќи е фаворизирачки фактор за таложење на забен плак, кој ќе направи понатамошна прогресија на заболувањето па се до комплетно губење на забите. При ова доаѓа до хиперсензитивност (преосетливост), бидејќи доаѓа до оголување на забните корења. Во Денториа ја решаваме хиперсензитивност со топикална апликација на флориди или посебни пасти за заби за хиперсензитивност.
Денториа ја препорачувапастата за професионална употреба од GC Tooth mousse со различни вкусови. Пастата е составена од млечниот протеин – казеин, што веќе познато е дека млекото и неговите дериват имаат заштитна улога врз забите,
GC Tooth mousse пастата за професионална употреба:
- Ја инхибира деминерализацијата на емајлот и предизвикува реминерализација
- Ја намалува преосетливост со запечатување на отворените дентинални тубули
- Го спречува создавањето на почетен кариес благодарение на анти-кариогените својства
- Ги враќа почетните деминарализациони лезиите (белите дамки)
- Вкусните вкусови го стимулираат протокот на плунка за зголемена ефикасност на CPP-ACP