Композитни пломби и полнења - нано композити и компомери

Композитни пломби и полнења - нано композити и компомери

Композитните пломби претставуваат замена за дел од природната забна супстанца која била изгубена од различни причини или за подобрување на незадоволителен естетски изглед на забите. Композитите се дефинирани како комбинација на два или повеќе материјали со својства кои се подобри од оние на поединечните компоненти.

 Во Денториа се користат нанокомпозитите, кои претставуваат најнова иновација во областа на композитите.  Поради ситните честички, естетскиот изглед на реставрациите(пломбите) е супериорен во однос на другите типови на композити.   Врската со природниот заб композитите ја остваруваат со бондинг – поврзувачки систем, преку микромеханичка врска.

Бондот се зема со апликатор и со него се премачкува кавитетот. Со помош на благ млаз од воздух се распределува бондот низ кавитетот и тој вака навлегува во порозностите(направените простори). Поставениот бонд се осветлува со халогена ламба за полимеризација, по што забните површини каде бил нанесен бондот изгледаат како ‘’лакирани’’, што е индикатор за успешно бондирање.

Во Денториа го користиме G-premio бондот кој има предност во однос на другите бидејќи не содржи HEMA(2-Hydrohylethyl methacrylate), поради што не предизвикува хидролиза и на тој начин не прави промена на бојата на забот. Освен за поврзување на композитот со емајлот и дентинот од забот, покажува високи вредности на јачината на врската и со металот и цирконијата, со што може да се користи и за корекција на Вашите оштетени мостови и коронки.

 

Следен чекор е избор на боја на композит, врз основа на бојата на забот. Традиционалните системи на нијанси на бои се класифицирани во гурупи(A, B, C, D) и градуирани од 1-4(од најсветла до најтемна нијанса). Но постои разлика во бојата на емајло и дентинот која исто така и се менува зависно од возраста на пациентот. Затоа ние во Денториа ги користиме Essentia композитните системи кои се состојат од различни нијанси на бои во само 7 шприцеви со чие слоевито нанесување во само два слоја, ќе добиете природна боја на Вашата пломба која нема да може да се разликува од бојата на прородниот заб.

  • По изборот на боја се пристапува кон аплицирање на композитот за што е потребно апсолутно суво работно поле. Композитот се аплицира слој по слој со пластичен инструмент, при што секој слој посебно се полимеризира(осветлува). Со самата апликација истовремено забот се моделира со соодветни анатомски и морфолошки обележја како што бил природниот заб.

По завршената апликација на композитна пломба, следи проверка на оклузијата(меѓусебен контакт на забите од двете вилици), со помош на артикулациона хартија се проверува дали има правилен контакт на пломбираниот заб со забот од спротивната вилица. Доколку контактот е предвремен, што пациентот го чувствува како “висока пломба”, истата се состружува и прилагодува.

Завршна постапка претставува полирање на композитната пломба со гумичка и ленти за завршна обработка со цел обезбедување на мазна површина.

Предности на композитите во однос на амалгамот се тоа што, не содржи жива, која е токсична за организмот и имаат одлична естетика, која најприближно го емитира изледот на природните заби.

Целта на композитните пломби е да ја реставрираат изгубената забна супстанца, на тој начин да се воспостави правилен анатомо-морфолошки облик на забот, да ја врати изгубената функција на џвакање, говор и естетика на Вашите заби, а со тоа да Ви обезбедиме здрава и убава насмевка.

Напомена: После поставувањето на композитната пломба, можно е да се јави постераписка преосетливот(слаба болка), како резултат на испирање на киселината, а со тоа брзо движење на течност во каналчињата на дентинот(едно од забните ткива). Осетливоста може да трае и до неколку денови, но потоа исчезнува.

Претставуваат композити во кој има додадено мали количества на глас-јономерни компоненти. Целта на овој материјал е да ја задржи естетиката и цврстината на композиите, а притоа да се добие отпуштање на флуориди, кое е својство на глас-јономерните компоненти и кое ја превенира појавата на кариес кај пациенти со висок ризик за кариес.

Компомери

Во Денториа, користиме EQUIA реставративен систем(пломби), кој е високо биокомпатибилен(не предизвикува несакани реакции во организмот), со подобрени механички својства-отпорност на кршење и високи естетски својства со голема палета на бои, идентични како Вашите природни заби. Притоа отпушта флуориди, што го прави погоден за употреба кај пациенти со висок ризик за кариес. Индициран е за употреба кај сите возрасни групи.

Закажи консултација