Кариесот е состојба која што настанува од неправилна орална хигиена. Доколку не се отстрануваат наслагите врз забите, на тоа место се собират бактериите и после некое време почуваат да ја деминерализираат глеќта на забот. Доколку навреме се интервенира без да помине во дентин,многу безболно ќе биде отстранет, но доколку помине во дентин и потоа во пулпа односно во нерв, забот почнува да има постојана болка и забот мора да се третира ендодонтски. Приоритет е забот брзо и ефективно да се третира, доколку кариесна состојба Ви е дијагностицирана. Во Денториа секогаш ни е во прв план да го отстраниме кариесот рано и правилно, за да го зачуваме оптималното здравје на Вашите заби долгорочно. Пломбата спречува кариесот да порасне и да се рашири во устата, загрозувајќи ги и здравите заби. Најчеста последица на кариес кој што не е навремено и правилно третиран е губењето на нервот од забот односно ендодонција. Во Денториа, користиме нано-композитни пломби, кои претставуваат најсофистицирано и најсовремено решение кое е во исто време и функционално и естетско. Пломбите не ги користиме само како алатка за корекција на кариес или замена на стара пломба, ги користиме и за поправка на скршени или напукнати заби, за затворање на простори како разделени заби (diastema mediana) и реобликување на хипопластични (мали) заби. Работиме со минимално инвазивни методи, нудејќи безболни третмани.
Секогаш запомнете, превенцијата е најдобриот лек. Инвестирајте во себе и во здравјето на Вашите заби секојдневно со правилно четкање на забите два пати дневно (со флуоридна паста), секојдневно чистење со забен конец, избалансирана исхрана и редовна посета на Вашиот стоматолог. Значително ќе го намалите ризикот од кариес и други заболувања на забите, а со тоа ќе си заштедите и време и финансии.
Композитните пломби претставуваат замена за делот каде што е појавена (и отстранета) кариесната зона. По отстранувањето на кариесот, просторот се пополнува со композитна пломба која е во иста боја/нијанса со забот и се моделира според морфологијата и анатомијата на забот. На крајот на процедурата композитот се полира, за да се добие максимално природен и естетски дизајн на насмевката кај пациентот.
Зошто се поставуваат композитните пломби и која е нивната функција?
Основната цел е пломбите да бидат во форма на природни заби (и по форма и по боја), без видливи граници односно спој со природниот заб. Целта е пломбата да не биде видлива, а личноста да не може да ја разликува пломбата од сопствениот заб.
Дали естетските пломби се издржливи?
И покрај верувањето дека металните (амалгамски) пломби се поиздржливи и пофункционални сепак содржината на материјалот на композитните пломби е зајакната со хемиска врска која е многу силна и овозможува одлично врзување/спојување со забот што го продолжува животниот век на забот.
Дали естетските пломби имаат животен век?
Со Вашата рутинска контрола во Денториа на секои 6 месеци, многу лесно се обновуваат естетските пломби со полирање. Со користење на композитни пломби, на забите им се зголемува животниот век. Исто така, од особено значење е оралната хигиена и навиките кај пациентот. Некои пациенти имаат навика да гризат пластични лажички, да отвараат шишиња со заби, со што се намалува истрајноста на композитните полнења како што е глеќта на забот, која е многу цврста (и по цврстина на композиција го завзема 7мото место на светот). Композитните пломби, на ист начин се прилично црвсти и ја одржуваат својата форма и цврстина доколку правилно се одржуваат со орална хигиена и редовен преглед во Денториа.
Тимот на Денториа секогаш Ви стои на располагање за да Ви помогне во изборот на пломби/композитни полнења.
Дали е неопходно да се менуваат естетските пломби со текот на времето?
Не. Се додека забите се рутински негувани, не е неопходно да се менува композитната пломба доколку не се открие расипување на забот.
Каква е отпорноста на естетските пломби, дали ги штитат забите?
Со оглед на тоа дека современите композитни полнења се многу блиски до цврстината на нашите природни заби и хемиски се врзуваат за забите, со естетската пломба забот е позаштитен од евентуално кршење.
Може ли да ги заменам моите црни (амалгамски) пломби со естетски пломби?
Можете да ги замените вашите амалгамски пломби со естетски пломби во една сесија.