Залевање на јамички и фисури – кај деца
Залевање на јамички и фисури – кај деца
Залевањето на фисурите и јамичките на забите е постапка која се врши во детска возраст, веднаш после никнување на трајните најчесто бочни заби. Бидејќи бочните заби, според нивната анатомија поседуваат џвакална површина на која има фисури(вдлабнувања), тие претставуваат предилекционо место каде се таложи денталниот плак, од каде потешко се отстранува, и најчесто таму се појавува кариес. Поради ова за да се превенира(спречи) појавата на кариес се прави исполнување на овие владбнувања со залевач, постапка позната како залевање.
Во Денториа користиме Twinky star voco колорирани, со висок сјај, токсиколошки безбедни компомери за пломбирање на забите, кои ги има во осум бои(златна, сребрена, сина, зелена, розева, портокалова, жолта и виолетова). На овој начин овозможуваме децата да ја изберат бојата на пломбата која ќе им биде поставена.
Техника на залевање:
Најпрво се прави машинско чистење на забната површина со четка и паста. Потоа доколку се употребуваат композитни залевачи, се прави јеткање, поставување на бонд, поставување на композит и полирање. Доколку се залева со глас-јономерен залевач бидејќи тој хемиски се врзува за забната површина се поставува, се прави комресија(притисок) и се премачкува со вазелин. На овој начин залеаните заби се заштитуваат од кариес и сите компликации кои ги носи истиот
