Залевање на фисури и јамички и флуоро профилакса
Залевање на фисури и јамички и флуоро профилакса
Залевањето на фисурите и јамичките на забите е постапка која се врши во детска возраст, веднаш после никнување на трајните најчесто бочни заби. Бидејќи бочните заби, според нивната анатомија поседуваат џвакална површина на која има фисури(вдлабнувања), тие претставуваат предилекционо место каде се таложи денталниот плак, од каде потешко се отстранува, и најчесто таму се појавува кариес. Поради ова за да се превенира(спречи) појавата на кариес се прави исполнување на овие владбнувања со залевач, постапка позната како залевање.
Во Денториа користиме Twinky star voco колорирани, со висок сјај, токсиколошки безбедни компомери за пломбирање на забите, кои ги има во осум бои(златна, сребрена, сина, зелена, розева, портокалова, жолта и виолетова). На овој начин овозможуваме децата да ја изберат бојата на пломбата која ќе им биде поставена.
Техника на залевање:
Најпрво се прави машинско чистење на забната површина со четка и паста. Потоа доколку се употребуваат композитни залевачи, се прави јеткање, поставување на бонд, поставување на композит и полирање. Доколку се залева со глас-јономерен залевач бидејќи тој хемиски се врзува за забната површина се поставува, се прави комресија(притисок) и се премачкува со вазелин. На овој начин залеаните заби се заштитуваат од кариес и сите компликации кои ги носи истиот.
Флуор профилакса (заштита) на забитеАпликацијата на флуор кај децата има за цел да ја зајакне структурата на забот со флуороапатит и да ја направи поотпорна на кариес. Исто така стимулира и реминерализација на забните структури, каде веќе настанала почетна деминерализација. Третманот се применува на сите забни површини, и не предизвикува несакани ефекти. Се препорачува третманот да се врши на секои 4-6 месеци во зависност од кариес-ризикот кај вашето дете.
Како се применува флуоридот?Со примена на фулор гел и специјални подготвени флуорни препарати се нанесуваат на површините на забите со помош на специјална четка.
Колку долго трае апсорпцијата на флуор?Администрацијата на флуор е релативно едноставен профилактичен третман кој трае околу 5 минути.
На што треба да се обрне внимание по примената на флуоридниот гел?
1 час по третманот не треба конзумирање на храна и пијалоци. Во првите 24 часа да не се конзумираат млекото и млечните производи, како и сладоледот и чоколадото.