ДЕНТОФОБИЈА е интензивен страв и анксиозност од посета на стоматолог

ДЕНТОФОБИЈА е интензивен страв и анксиозност од посета на стоматолог, што води до избегнување на грижата за своето дентално здравје и последично, сериозни нарушувања во оралното здравје.

Доколку се соочувате со дентофобија, обидете се да ги примените следните совети:

-Неколку дена пред закажаниот термин за интервенција, посетете го просторот каде ќе се одвива истата и разговарајте со вашиот доктор за вашиот страв и сите прашања кои ги имате во однос на процедурата.

-Регуларните и чести посети, дури и почнувајќи само од обичен преглед, може да се одлична и постепена припрема пред некоја поголема интервенција.

-За време на самата интервенција може да биде со вас присутно блиско лице од доверба.

-Пред самото поаѓање кон стоматолошката ординација, направете техника на визуелизација во која ќе го замислите целиот процес, од почеток до крај, но тоа да биде со најпозитивната и најхрабрата верзија од вас, со која на крај излегувате насмеани и задоволни од стоматолошката ординација.

-Пред започнување на интервенцијата, направете релаксациона техника на абдоминално дишење која ќе ве смири. Таа изгледа вака: вдишете 4 секунди преку нос прво полнејќи го стомакот, па градите, задржете го воздухот 3-4 секунди и потоа испуштете го 8 секунди од уста, притоа прво празнејќи ги градите, па стомакот. Таквиот начин на вдишување/издишување повторувајте го неколку пати или 2-3 минути. Така ќе го стимулирате делот од нервниот систем кој ќе ви помогне во намалување на анксиозноста и стресот.

-Не заборавајте на позитивниот внатрешен говор кон себе, кој треба да биде поддржувачки и охрабрувачки!

-Доколку сте преосетливи на болка и стравот всушност потекнува од тоа, договорете се за анестетик кој верувајте ќе направи да не чувствувате никаква болка.

-Договорете се со вашиот стоматолог дека кога ќе сакате да направите кратка пауза, само ќе ја подигнете вашата рака како сигнал за стоп. Слободно комуницирајте со него за време на целиот процес.

-Во ординацијата на Др. Ертан секогаш во позадина има прекрасна релаксирачка музика, фокусирајте се на неа. Притоа, верувајте во него и неговиот професионално обучен тим, како и во тоа дека го имаат во предвид вашиот страв и се спремни да покажат максимална трпеливост, разбирање и искуство во работата со вас.

Доколку стравот ве преплавува и не сте во можност сами да го совладате, побарајте стручна помош од Психолог/Психотерапевт  пред  посетата, кој со психотераписки техники, професионални совети и поддршка, ќе ви помогне да ја совладате вашата фобија.

Совет од М-р Ивана Хаџиванова
Психолог, Гешталт Психотерапевт, Семеен-Системски советник

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn

Закажи консултација