Детска стоматологија

Детска и превентивна стоматологија

Првиот стоматолошки преглед кај децата треба да се направи со никнување на првото запче во усната празнина. Во „Денторија“ правиме пребојување на плакот на забите кај децата и ги учиме како правилно да го отстранат. На овој начин, ги мотивираме децата да се стекнуваат со здрави орални навики и да се спречи појавата на кариес.

Залевање на фисурите и јамичките на забите

Залевањето на фисурите и јамичките на забите е постапка што се врши во детска возраст, веднаш по никнување на трајните, најчесто бочни заби. Бидејќи бочните заби, според нивната анатомија, поседуваат џвакална површина на која има фисури (вдлабнувања), тие претставуваат предилекционо место каде што се таложи денталниот плак, од каде што потешко се отстранува и најчесто таму се појавува кариес. Поради ова, за да се спречи појавата на кариес, се прави исполнување на овие вдлабнувања со залевач, постапка позната како залевање.

Во детска возраст се применува и апликација на флуор на забите, што има за цел да ја зајакне структурата на забот со флуороапатит и да ја направи поотпорна на кариес. Исто така, стимулира и реминерализација на забните структури, каде што веќе настанала почетна кариозна лезија.

Лекување на кариес

Кај веќе настанат кариес, во „Денторија“ користиме Twinky star voco колорирани пломби, кои ги има во осум бои (златна, сребрена, сина, зелена, розова, портокалова, жолта и виолетова). На овој начин, овозможуваме децата да ја изберат бојата на пломбата што ќе им биде поставена.

Техника на залевање:

Најпрво се прави машинско чистење на забната површина со четка и паста. Потоа доколку се употребуваат композитни залевачи, се прави јеткање, поставување на бонд, поставување на композит и полирање. Доколку се залева со глас-јономерен залевач бидејќи тој хемиски се врзува за забната површина се поставува, се прави комресија(притисок) и се премачкува со вазелин. На овој начин залеаните заби се заштитуваат од кариес и сите компликации кои ги носи истиот.

Флуор профилакса (заштита) на забите Апликацијата на флуор кај децата има за цел да ја зајакне структурата на забот со флуороапатит и да ја направи поотпорна на кариес. Исто така стимулира и реминерализација на забните структури, каде веќе настанала почетна деминерализација. Третманот се применува на сите забни површини, и не предизвикува несакани ефекти.  Се препорачува третманот да се врши на секои 4-6 месеци во зависност од кариес-ризикот кај вашето дете.

Како се применува флуоридот?Со примена на фулор гел и  специјални подготвени флуорни препарати се нанесуваат на површините на забите со помош на специјална четка.   Колку долго трае апсорпцијата на флуор?Администрацијата на флуор е релативно едноставен профилактичен третман кој трае околу 5 минути.   На што треба да се обрне внимание по примената на флуоридниот гел? 1 час по третманот не треба конзумирање на храна и пијалоци. Во првите 24 часа да не се конзумираат млекото и млечните производи, како и сладоледот и чоколадото.

Закажи консултација