ВИЗИЈА

На стоматолошката ординација „Денторија“ е да понуди најсовремени и најнови методи во стоматолошките услуги. Ние не нудиме само општи стоматолошки прегледи и дентално лекување, туку многу повеќе. Со нашиот професионален тим, на чело со доктор Ертан Омеров, специјалист по Парадонтологија,  ќе добиете врвна медицинска услуга според европски стандарди. Во палетата на нашата понуда, може да се добијат протетички и имплантолошки стоматолошки зафати, орална хирургија, антиејџинг стоматологија и многу други современи пристапи во подобрување и одржување на денталното здравје на нашите пациенти. Нашето мото е да ја направиме блескава вашата насмевка, а вашите заби здрави и долготрајни. 

МИСИЈА

На стоматолошката ординација „Денторија“ е да се грижи за одржувањето на денталното здравје на своите клиенти, секогаш да биде во тек со модерните и современи трендови во стоматолошката практика, да ги промовира безбедните и сигурни стоматолошки методи, соочувајќи се со разни стоматолошки предизвици и преку своите методи на успешна орална хирургија и дентална имплантологија, да одговори позитивно и задоволувачки на барањата на клиентите. Професионалниот тим, на чело со доктор Ертан Омеров, е тука за вас. 

Ви ја претставуваме приказната за Денториа, за беспрекорната професионалност на целиот тим кој секогаш се стреми да го достигне максимумот во работата. Спец.Мр.Др. Ертан ја основа Денториа со цел да ја достигне перфекцијата на една насмевка кај своите клиенти и да го пренесе знаењето стекнато низ образованието и многубројните светски конгреси, семинари и усовршувања.

Во „Денторија“ најпрвин ни се важни вашата желба, очекувања и избор на забните реставрации. Потоа пристапуваме кон соодветна дијагноза, која опфаќа детален орален преглед и рендгенска снимка, 2Д или 3Д, зависно од вашата индикација. Исто така, правиме и дентална фотографија со професионален апарат, со цел забележување на сите детали во однос на забите, насмевката и лицето, за подобро вклопување на идната забна реставрација. Ја одредуваме и бипупиларната линија (линијата што ги спојува двете очни пупили), со помош на образен лак (направа што ќе осигура правилен однос на долната вилица во виличниот зглоб) и земаме дигитален отпечаток со интраорален скенер. По овие постапки, правиме детален план на терапија и понуда со можните тераписки опции и финансиски план. По завршениот третман, ви даваме совети на кој начин да ги одржувате резултатите од спроведените интервенции и ви закажуваме контролни прегледи.

По завршувањето на студиите на Истанбулскиот Универзитет Стоматолошки Факултет Чапа, Спец.Мр.Др. Ертан се запишува на УКИМ Стоматологија во 2017 година каде што магистрираше со титулата Магистер на наука (Master of Science) како специјалист по парадонтологија и имплантологија. Др. Ертан се усовршуваше на интернационални и светски конгреси, со цел да пружи највисок стандард на стоматолошка нега во својата ординација. Сертификати и учества на меѓународни курсеви, конгреси и симпозиуми:

Закажи консултација