Со помош на стоматолошки помагала, во Денториа може да ги надоместите изгубените заби со преку со методите на фиксната протетика (коронки и мостови) со помош на која се заменува коронката на еден или повеќе заби со што се враќа фунционалноста, естетиката и природниот изглед на забите и мобилната протетика (парцијални и тотални протези, протези со импланти, визил протези) која помага во враќање и одржување на нормалната функција, но овие момагала можат да се извадат од устата.
Фиксна протетика
Во Денториа практикуваме неколку методи преку кои се поправаат недостатоците на природниот оштетен заб:
- Коронка е надоместок кој се поставува на вашиот оштетен заб. Во зависност од материјалите кои се користат постојат неколку видови на коронки: керамичка коронка на конструкција од метал, керамичка коронка на конструкција од титан, керамичка коронка на конструкција од Зиркониа.
Во Денториа ги користиме најдобрите материјали за најдборите резултати и третман за нашите пациенти. Имаме неколку видови на керамички коронки.
- Lithium disilicate glass ceramics / Стаклена керамика
Initial LiSi Press обезбедува ненадминати физички својства и најприродната, реалистична естетика споредено со опција на пазарот денес. Крајниот резултат е комбинација на издржливост и естетика, со што Initial LiSi Press е совршено погоден за сите видови на реставрации преку сите нивоа на транспарентност. - Initial MC/ The ultimate metal ceramic system
GC Initial MC керамичкиот систем нуди нови перспективи за металнo керамички зафати. - Initial Zirconia Disk за најопфатните случаи
Циркониум стана најпосакуван материјал за многу техничари кои бараат естетика во комбинација со издржливост. Initial Zirconia Disk е извонредно висококвалитетен циркониумски диск со оптимизирани физички својства.
Мобилна протетика
Протезите претставуваат мобилни помагала кај пациенти кои изгубиле поголем дел од забите или пак сите заби. Можат да бидат: делумни (парцијалните протези се најчесто се состојат од вештачки заби поставени на пластична основа во розова или во боја на непцето) и целосни (тотални). Според материјалот од кој се изработени, протезите се делат на: класични (целосно акрилатни) и скелетирани (визил, Wisil)
Дознај повеќе за:
CAD/CAM компјутерска изработка на протетски изработки

CAD/CAM системот претставува спој помеѓу компјутерската технологија и стоматологијата. CAD/CAM кратенката значи компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка.
Станува збор за високо софистицирана технологија преку која се изработуваат коронки и мостови, процес на прецизно гледање преку кое од готови керамички блокови добиваме забни надоместоци, поточно фиксни стоматолошки реставрации.
Се состои од 3Д скенер, комјутер со софтвер кој може да ги планира и пресметува изгледот и формата на надоместокот.
Материјалот од кој се изработуваат протетските изработки може да биде од Zirkonium Oxide или Titanium.