
Лекувањето со ласер опфаќа безболни третмани кај кои болката и непријатните стругања се во отсуство. Во Денториа ги препорачуваме следните третмани со ласер кои даваат изводредени резултати: Ласерско третирање на непцата( GUMMY SMILE, GINGIVEKTOMIJA, GINGIVITI).
Сите оние кои имаат проблем со гингивата (непцата)-Gingivitis, висока насмевка- Gummy Smile или нерамномерна линија на непцата, со помош на ласерот се постигнува саканиот ефект на тој начин што се отстранува вишокот на непце. Овој третман трае брзо, а заздравувањето е полесно и пократко за разлика од класичните зафати.
Со ласерската терапија многу лесно, прецизно и без интервенција од оперативни елементи се извршува и френулектомија (отстранување на ткивна ресичка) и ласерско депигментирање (кога непцата изгледаат потемни затоа што содржат повеќе меланин), и Gingivektomija (порамновање на висината на гингивата околу забите).
Понатаму,со ласерот се третира каналот на забите, односно инфицираните ткива се чистат со помош на ласерот.
Ласер во третманот на затемнети непца: Ласерот се користи многу често во третманот на непцата кои се темни или дури црни поради пигментацијата. На овој начин, непцата стануваат розови.
Ласер при третман на афта: Третманот на афтите во устата може да се третира со ласер во рок од 1 недела.