fbpx
Контакт

+389 78 232 262 | +389 46 200 600

Работно Време

Пон-Сре-Чет-Пет :09:00-16:00 | Вто: 13:00-20:00 | Саб: 09:00-14:00

Закажи Термин

We are serious about your smile

Работно Време

Пон-Сре-Чет-Пет :09:00-16:00 | Вто: 13:00-20:00 | Саб: 09:00-14:00

Закажи Термин

We are serious about your smile

Протетика

Со помош на стоматолошки помагала, во Денториа може да ги надоместите изгубените заби со преку со методите на фиксната протетика (коронки и мостови) со помош на која се заменува коронката на еден или повеќе заби со што се враќа фунционалноста, естетиката и природниот изглед на забите и мобилната протетика (парцијални и тотални протези, протези со импланти, визил протези) која помага во враќање и одржување на нормалната функција, но овие момагала можат да се извадат од устата.

Фиксна протетика

Во Денториа практикуваме неколку методи преку кои се поправаат недостатоците на природниот оштетен заб:

  • Коронка е надоместок кој се поставува на вашиот оштетен заб. Во зависност од материјалите кои се користат постојат неколку видови на коронки: керамичка коронка на конструкција од метал, керамичка коронка на конструкција од титан, керамичка коронка на конструкција од Зиркониа.

Во Денториа ги користиме најдобрите материјали за најдборите резултати и третман за нашите пациенти. Имаме неколку видови на керамички коронки.

  • Lithium disilicate glass ceramics / Стаклена керамика
    Initial LiSi Press обезбедува ненадминати физички својства и најприродната, реалистична естетика споредено со опција на пазарот денес. Крајниот резултат е комбинација на издржливост и естетика, со што Initial LiSi Press е совршено погоден за сите видови на реставрации преку сите нивоа на транспарентност.
  • Initial MC/ The ultimate metal ceramic system
    GC Initial MC керамичкиот систем нуди нови перспективи за металнo керамички зафати.
  • Initial Zirconia Disk за најопфатните случаи
    Циркониум стана најпосакуван материјал за многу техничари кои бараат естетика во комбинација со издржливост. Initial Zirconia Disk е извонредно висококвалитетен циркониумски диск со оптимизирани физички својства.

Мобилна протетика

Протезите претставуваат мобилни помагала кај пациенти кои изгубиле поголем дел од забите или пак сите заби. Можат да бидат: делумни (парцијалните протези се најчесто се состојат од вештачки заби поставени на пластична основа во розова или во боја на непцето) и целосни (тотални). Според материјалот од кој се изработени, протезите се делат на: класични (целосно акрилатни) и скелетирани (визил, Wisil)

Дознај повеќе за:

CAD/CAM компјутерска изработка на протетски изработки

CAD/CAM системот претставува спој помеѓу компјутерската технологија и стоматологијата. CAD/CAM кратенката значи компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка.

Станува збор за високо софистицирана технологија преку која се изработуваат коронки и мостови, процес на прецизно гледање преку кое од готови керамички блокови добиваме забни надоместоци, поточно фиксни стоматолошки реставрации.

Се состои од 3Д скенер, комјутер со софтвер кој може да ги планира и пресметува изгледот и формата на надоместокот.

Материјалот од кој се изработуваат протетските изработки може да биде од Zirkonium Oxide или Titanium.

македонски Albanian