Ендодонција

Ендодонцијата е гранка од стоматологијата која се занимава со отстранување на забната пулпа – нервот како и негово лекување (на коренските канали).Овој процес е потребен кога забната пулпа ќе се воспали при што пациентот чувствува неподнослива пулсирачка  болка од забот.

Тоа најчесто се јавува кај заби кои имаат длабок кариес, или претходно несоодветно лекувани заби кaj кои веќе е направен ендодонски третман.

Ние во Денториа посебно внимание обрнуваме на ендодонскиот третман, затоа што тој претставува столб на секоја протетска изработка независно дали станува збор за композитна пломба или церкониумски заб.
Ако забот е соодветно излекуван секако и протетскиот дел односно протетската изработка ќе трае подолго.
После направената рентген панорамска снимка го лоцираме болниот заб затоа што најчесто при акутна болка пациентот го болат повеќе заби и не е во можност точно да дефинира од кој заб болката потекнува.

Ако забот е жив (витален) и имаме акутна болка, после поставената анестезија се аплицира Raberdam односно посебна заштита на забот која овозможува стерилни услови за работа. Понатаму процедурата е следната:

Со помош на дигитален апекс локатор се мери должината на каналот од забот (најпрво работната должина)

До измерената работна површина односно до апексот од коренот од забот ги прошируваме каналите со рачни проширувачи, после што со машински ендо-пилот кој работи на реципроцен принцин со помош на вграден апекс локатор ги прошуравеме каналите се до апексот од коренот на забот.

Посебно внимание обрнуваме на иригацијата на каналите, односно на секоја промена на пилата за проширивање со посебни иригантни течности го периме каналот и го активираме со активатор за ендоканали како би можело остатоците од работните пили да се исчистат односно да се истиснат надвор од каналот.

  • Сушење на каналот од иригантите со папер поинт или сушачи на каналот.
  • Аплицирање силант за ендодонско полнење и поставување мастер гута перката.
  • Правење РВГ или попознат како периапикален ренгент, за да се провери дали ендодонското полнење е до самиот врв на апексот.

Ендодонтски лекувани заби во Денториа

Доколку се е во ред, се сече гута перката колку што е можно пократко при што особено внимаваме да не допира на дентинот на забот како не би дошло до дехидратација и губење на природната боја на забот.

Препорака: За продолжување на векот на ендодонски третираниот заб, посебно во  во ретроградната или задната регија на забите каде што силите на жвакање се најголеми, ние во Денториа препорачуваме да се направи Порцеланска протетска изработка.

Напомена: Третираниот заб може да биде чувствителен неколку дена по процедурата.

Закажи консултација