ПРФ – ПРП

ПРФ (ФИБРИН ЗБОГАТЕН СО ТРОМБОЦИТИ)

Методот PRF, што во превод значи ” фибрин збогатен со тромбоцити” е развиен во Франција  од страна на д-р Choukroun во 2001 година.  се користи првенствено во естетската стоматологија и оралната хирургија. Ова е напредна метода за подобро лекување на коските и меките ткива и наоѓа гомема примена во хируршките процедури кај имплантите.  Процесот започнува со земање крв од пациетот, потоаа таа крв се обработува во центрифуга, при што се одделува крвна плазма со тромбоцити и се надополнува на места каде што недостига коскено ткиво. Се формираат нови васкуларни садови и со тоа и раст на нова коска во коскени дефекти. Овој процес е навистина едноставен и сосема безопасен метод, бидејќи се користи исклучиво крвта на пациентот и трае само 12 минути.

ПРП (плазма богата со тромбоцити)

Преку овој метод со помош на вашата крв можат да се добијат извонредни резултати. За што, всушност, се работи? Меѓу другите функции, тромбоцитите извршуваат згрутчување на крвта и ослободување на факторите за раст и на тој начин се врши стимулација на матичните клетки да регенерираат ново ткиво. Во стоматологијата овој метод се применува при стоматолошки зафати, како што се имплантите, со што се стимулира растот и брзината на коската. Се употребува и кај други проблематики, како што се: дефекти на непце, процедура за подигнување на синуси, поправка на фистули помеѓу шуплината и синусот на устата, апликација на графтови и друго.

ПРП методот има голема примена кај потребите за подмладување на кожата. Со помош на факторите за раст ослободени од вашата крв и кои се враќаат во кожата, поттикнуваат нов колаген за помазна кожа и нови крвни садови за беспрекорно здравје и сјај на кожата. Ова навистина голема иновативна метода со помош на која тимот на Денториа создава уникатна убавина

We're serious about your smile