НАШАТА
ОРДИНАЦИЈА

Ординацијата ПЗУ Денториа е синоним за здравје, практично размислување и секогаш во служба на пациентите. Просториите на Денториа нудат смирувачко чувство, боите се внимателно одбрани и самиот простор нуди максимален комфор. Покрај стручната подготвеност на докторите, пациентите ќе бидат третирани со најсовремени апарати.

Ординацијата по општа стоматологија е опремена со две стоматолошки столоци со засебни ртг монитори, апарат за ласерска ендодонција Endopilot Schlombohm (лекување на забите), мекоткивен ласер, посебен апарат за презизни протетски мерки Modulmix, Vaccumformer апарат за изработка на селиконски гуми за белеење и гуми за бруксизам.

Делот за орална хирургија располага со една столица со посебно хируршко осветлување, УВ ламба за стерилизација на комплетна просторија, посебни апарати за хирушки интервенции. Покрај тоа, просторот располага со РТГ просторија со панорам.ртг апарат, просторија за стерилизација и дезинфекција, во која се стерилизираат инструментите и засебно се пакуваат и нормално, удобна просторија за одмор на пациентите.

За полесно и навремено решавање на сите стоматолошки дилеми и проблеми кај пациентите, Денториа располага со апарат за дититални протетски мерки Apolo Di Sirona. Тоа е специјално развиена интраорална камера (скенер) за дигитални и прецизни 3д отпечаток. Докоторот веднаш располага со прецизни 3д модели за анализа, се зголемува удобноста на пациентите, клинички се намалуваат грешките заради неговата прецизност, се намалува времето кое претходно било потребно за испитување на пациентот и со овој интраорален апарат се израборуваат протетски конструкции за 24 часа.

 

Не грижете се, Денториа сериозно се грижи за вашето орално здравје.

We're serious about your smile