ТИМОТ
НА ДЕНТОРИА

Со беспрекорен пријателски пристап, со топло добредојдовте и уште посмирувачки разговор, ќе бидете пречекани од тимот на Денториа со крајна љубезност и професионалност. Со својата постојаност и високо квалитетни услуги, веднаш ќе бидете сигурни дека бесцелното трагање по здрава и убава насмевска завршува тука. Вие сте на право место за решавање на сите проблеми...

Д-р Ертан Омеров е главниот основач на Приватната Здравствена Установа Денториа, единствената специјализирана ординација во овој регион од областа на Денталната имплантологија. Секогаш насмеан и ведар, кон сите проблеми пристапува со оптимизам. Така пристапи и пред самото основање на Денториа, кога со огромна желба за подобрување на оралното здравје на луѓето, секогаш целеше само напред, кон поголеми успеси. Роден е во Охрид каде и го завршува своето гимназиско образование. Во 2003 год. заминува во Турција како редовен студент на престижниот Истанбулски Стоматолошки факултет. Уште таму се издвојува по својата упорност и непресушна желба за уште поголема едукација. Уште од почетните студии развива амбиции за денталната имплантологија и четири години е под менторство на светски познатиот орален хирург и имплантолог Sci-Dr Erkan Akilli.

Со завршувањето на студиите и стажот како дипломиран доктор- стоматолог, се вработува во Стоматолошката поликлиника “Ендомак” во Гевгелија каде работи една година. Неуморно продолжува со напорно доусовршување од областа и откривање на сите новитети кои ги нуди светот. Активно учествува на бројни стоматолошките конгреси, семинари, симпозиуми и научни испитувања од областа на имплантологијата, оралната хирургија во светски рамки.Поседува преку 30 интернационални сертификати за успешно завршени курсови од областа на Имплантологијата и е еден од најголеимите професионалци од областа во регионот.

Активно говори турски, англиски и грчки јазик.

Д-р Денис Омеров еден од основачите на Приватната Здравствена Установа Денториа. Средно образование завршува во Струга и потоа се запишува на УКИМ Стоматолошкиот факултет во Скопје. Со својата стручност и посветеност, секогаш им говори на пациентите дека превентивната нега и навременото реагирање се пат до здрави заби. Неговите амбиции водат кон Денталната Ендодонција, комплетно фокусирајќи се на тоа. Покрај домашните студентски конгреси, има активно учество на симпозиуми и семинари како стоматолог, а поседува и сертификат за владеење на техниките на Pro Taper во Ендодонцијата. Зема големо учество на светските форуми за Ендодонцијата и многу практични курсеви во областа на ендодонцијата во Бугарија кај Др. Росен Веселинов и е доста успешен име во тоа поле, издвојувајќи се преку методите за топла гутаперка.

Активно говори турски и албански јазик.

Д-р Наташа Јорданоска Котевска е дел од тимот на Денториа од 2013 година. Родена е во Охрид каде и го завршува средното гимназиско образование. Во 2005 год. се запишува на УКИМ Стоматолошкиот факултет во Скопје како редовен студент. За време на студиите учествува на неколку студентски конгреси во домашниот регион. По завршувањето на студиите, стажот како дипломиран Доктор по Општа стоматологија го обавува во Градската болница 8ми Септември во Скопје, под менторство на спец. орален хирург Д-р Зорица Ајдинска.

Препознатлива е по пријателскиот однос кон пациентите, секогаш внимателно пристапува со детален разговор и трпеливо објаснување на проблемот и интервенцијата која треба да се изврши. Нејзината професионалност лежи во будното следење на сите новитети, желбата за дополнување на знаењето и неуморно вложување во професијата.

Д-р Наташа Јорданоска има амбиции за оралната хирургија и зема активно учество на многу конгреси од областа на естетската стоматологија.

Активно говори англиски јазик, а солидно го познава и германскиот јазик.

 

Спец. Д-р Билјана Пецакова станува дел од тимот на Денториа од неодамна, а веќе стана препознатлива меѓу пациентите по својот ентузијазам и позитивна енергија.

Др.Пецакова своето средно гимназиско образование го завршува во родниот Охрид, од каде се упатува кон исполнување на својата цел-Доктор по стоматологија, на Државниот Стоматолошки факултет во Скопје. Но, нејзините успеси не застануваат тука. Др.Пецакова го продолжува своето високо образование на специјалистичките студии по Орална хирургија на Стоматолошкиот факултет од каде во 2015 година се здобива со титулата Специјалист по Орална хирургија. Др.Пецакова  Има активно учество во бројни работилници од областа на орална хирургија, како почетен и напреден курс за zimmer implant system на проф. Др. Димитар Филчев од Бугарија, ankylos implant system и протезирање, мекоткивни графтови и сл. Таа е учесник и набљудувач на постери на BASS, како и на светскиот максилофацијален конгрес кој се одржа во Охрид 2014 год. а зема и активно учество на бројни семинари и конгреси од областа на општа стоматологија.

Активно говори англиски и шпански јазик.

We're serious about your smile