БОЛЕСТИ НА ВИЛИЧНИОТ ЗГЛОБ
И ШКРИПЕЊЕ СО ЗАБИТЕ

Иако многумина не и придаваат многу внимание на ваквата појава, таа никако не смее да се игнорира.

БРУКСИЗАМ

Ова е непријатна и штетна навика при која забите несвесно се стегаат или тријат со што се оштетуваат површинските и длабоките слоеви на забите. Може да се јавува во текот на денот, или пак за време на ноќта, познат како ноќно шкрипење. Во извршена студија на испитанци е покажано дека за време од 24h забите се допираат вкупно 18 минути, што и всушност значи дека се што е повеќе од тоа доведува до сериозни нарушувања. Некои луѓе шкрипат со заби само во текот на спиењето и таа појава ја нарекуваме ноќен бруксизам. Други пак, тоа го прават во текот на денот и тоа е предизвикано од ситуации кои ги прават нервозни и напнати. Бруксизмот има широка етиологија. Пред се, тоа е комбинација на психолошки нарушувања (неврози, стрес, а исто така може да се јави како пропратна реакција на антидепресиви), дентални (резултат на тескоба или неправилен загриз, импактирани заби,ортодонски третмани,), но исто така може да се јави како резултат на лоши навики (грицкање нокти, грицкање предмети, потпирање на главата за време на учење или често гледање телевизија).

Доколку имате некој од следниве симптоми веднаш да се јавите кај вашиот стоматолог:

  • шкрипење со забите и непријатни звуци при движење на вилицата познати уште како klick звуци;
  • постојана утринска главоболка;
  • напнати и болни вилични мускули;
  • хронична болка на лицето
  • оштетени заби;
  • преосетливост на забите;
  • болки во вратот и увото.

Испитувања

Мора сериозно да се пристапи кон ова пореметување затоа што може да дојде до посериозни нарушувања кај забите и во општото здравје на пациентот. Дијагнозата за оваа патологија најпрво ја започнуваме со сериозен разговор со пациентот. Од особен интерес се моменталните проблеми на пациентот, неговото здравје и лекови доколку ги зема, конзумирање на алкохолни пијалоци и кофеин, затоа што ја зголемуваат склоноста кон бруксизам. Потоа следува детален преглед во устата, за да се согледа моменталната состојба и предизвиканите оштетувања, преглед на осетливоста на виличните мускули, дентални неправилности. Од направениот детален преглед на загризот и рентген снимка може да забележиме: абразија на забите (најсигурен знак), постојана болка во увото или позади увото и сл.

Превенција од бруксизам

Најдобро е веднаш откако ќе ја забележите оваа штетна навика, да се обратите кај вашиот стоматолог и да се санира постоечката штета со цел да се спречи понатамошно оштетување на забите. Најдобра превенција од бруксизам е изработка на силиконски штитник за забите night guard tray кој се носи во текот на ноќта  со цел да се спречи понатамошно оштетување на забите и зглобовите.

We're serious about your smile