РАНА ДЕТЕКЦИЈА
НА ОРАЛЕН КАРЦИНОМ

Оралното здравје е од голема важност за целиот организам воопшто. Голем број на орални заболување се стекнати и предизвикани од голем број на микроорганизми, од многу биолошки или хемиски фактори или едноставно, генетски наследени. Едно од тие опасни заполувања е и оралниот карцином. Тоа е заболување кое го оштетува ткивото поради неконтролиран раст на клетките. Може да се јави на јазикот, усните, мекото и тврдото непце, грлото, синусите и подот на устата.

Како да го препознаеме?

 

Ако во усната празнина забележите дека ви се формираат бели или црвени ранички кои не поминуваат и често крварат, губите заби без причина, имате потешкотии при голтање или големи неподносливи болки во грлото или ушите, појава на грутки на вратот и слични симптоми, тогаш ви препорачуваме веднаш да се обратите кај вашиот стоматолог. Можеби се работи за некоја инфекција, но раното откривање на оралниот карцином е од големо олеснување во неговото лекување.

Фактори на ризик:

 

 

  • Генетска предиспозиија
  • Пушење цигари и алкохолот
  • Дефицит на витамини и минерали
  • Непрекинато користење на наепроверени сретства за плакнење на уста
  • ХПВ инфекција и сл.

 

 

Како да се заштитиме?

 

Раната детекција на карциномот е благодарение за редовните стоматолошки прегледи. Нашата ординација располага со современа апаратура за рана детекција на карцином и ви препорачуваме да пристапите со големо внимание кон вашето орално здравје, со водење на беспрекорна орална хигиена, внесување на здрава храна, одбегнување на штетните навики и редовни посети кај стоматолог.

We're serious about your smile