ЕНДОДОНЦИЈА

Ендодонцијата е таков третман кој има цел да ги зачува заболените и веќе оштетени заби.

Тоа е терапискиот зафат кој се состои во отстранување на комплетната забна пулпа- нервот и лекување, полнење на коренските канали. Овој процес е потребен кога забната пулпа ќе се воспали. Тоа најчесто се јавува кај заби кои имаат длабок кариес, заби со веќе непрактични пломби и слично. Под локална анестезија се отстранува воспаленото ткиво, се врши дезинфекција на каналот и понатаму следува пломбирање или изработка на протетска надоградба. Не смеете да го одложувате ендодонскиот третман, затоа што може да се појават болки, оток, па и вадење на забот. За ендодонскиот третман да биде правилно изведен, треба да се почитуваат одредени услови, кои во нашата ординација максимално ги пружиме со своите висококвалитетни постапки и најсовремена опрема:

  • Апсолутно суво работно поле (располагаме со Кофердам-гума која спречува продор на крв, плунка а и спречува инфил-трација на бактерии)
  • Правилно одредување на должината на коренските канали и близината на врвот на коренот-со помош на apex locator;
  • Правилна инструментација-ендодонски инструменти од најсовремена технологија;
  • Стерилни услови;
  • Ртг контрола- во вид на дигитална рентген снимка и
  • Правилна тродимензионална оптурација (полнење на коренските канали).

We're serious about your smile