ОРАЛНО ХИГИЕНСКИ УСЛУГИ
Чистење на забен камен

Со текот на времето, на забите се појавувуваат меки наслаги наречени забен плак, кој подоцна може да се минерализира.

Забниот плак е слој од бактерии и јаглехидрати, а кога ќе се минерализира се претвора во забен камен. Забниот камен е честа појава и може да се јави при нередовно четкање на забите, а како други причини можат да бидат кафето и цигарите и може да се јави на сите заби. Има белузнаво – жолтеникава боја и може да се забележи визуелно или со допир. Иако практикуваме орална хигиена, сепак сите ние имаме бактерии во устата. Токму тие бактерии заедно со протеините и остатоците од храна го создаваат детналниот плакт- наречен забен камен. Неговата превенцијата се состои од редовно четкање на забите, а може да се користи и конец за заби. За поквалитетно отстранување на забниот камен, ние во нашата ординација го третираме со посебен апарат miniPiezon, апаратот за воздушно пескарење со што безболно ќе се погрижиме зa негово отстранување,  како и обработка на парадонтални џебови со што успешно се отстранува плакот и тврдите наслаги од забите.

We're serious about your smile