САНИРАЊЕ
НА МАЛИ ЕРОЗИВНИ ПРОМЕНИ

Санирање на мали ерозивни промени во гингивалниот дел од забот

Ерозивните промени се јавуваат најчесто во гингивалниот дел на забот во вид на мали вдлабнатини. Овие промени обично се безболни но многу често се осетливи на ладни дразби. Забележано е дека вакви промени често се јавуваат кај луѓе каде има трауматска оклузија, неправилно четкање на заби и др. Се препорачува во вакви случаи да не се користат многу абразивни пасти, како и оние кои содржат сода бикарбона, бидејки може уште повеке да се продлабочат вдлабнатините. За санирање на ваквите состојби се користат специјални гласјономерни пломби без некое поголемо стружење на здрава забна супстанца. Ваквите промени мора навреме да се санираат бидејки ако се остават како такви ќе дојде до создавање на кариес и понатамошно ошетување на забот.

We're serious about your smile