НАНО КОМПОЗИТНИ
ИСПОЛНУВАЊА

Современата стоматологија направи вистинската револуција во однос на стоматолошките материјали за директно полнење (пломбирање).

Во употреба се најновите нано- композитни пломби кои освен белата боја како основна карактеристика од тогашните амалгамски пломби, имаат низа други карактеристики: не се растворат во плунка, не испуштаат ништо од нивниот состав за време на работа со нив, имаат доволно голема цврстина и изгледаат природно. Може да се обликуват така да во целост го емитираат обликот на забот. Нано копмозитите се користат за: мали и средни исполнувања (пломби), замена за амалгамските полнења на бочните заби, надополнување на пукнатините на забите, корекција на обликот на забот, корекција на бојата на забот. Нано ерата донесе револуционерни промени за совршена естетика на вашите заби кои ќе зрачат со блескава убавина и беспрекорна цврстина.

Порцелански инлеи и онлеи

Тие претставуваат одлична замена за белите пломби, одличен начин за поправање на расипаните и оштетени заби. Можат да се постават на било кој заб, доста се издрживи, долготрајни и естетски изгледаат многу убаво. Имаат доста повисока цена од обичните композитни пломби, но имаат и доста подобри резултати во однос на естетиката.

Која е разликата помеѓу инеј и онлеј? Инлејот покрива една или две површини од забот и се користи за помали оштетувања, а онлејот покрива повеќе делови, односно претставува пообемна реставрација. Тие можат да бидат поставени веднаш откако ќе бидат изработени во лабораторија.

Можат да бидат изработени од злато, порцелан или композитна смола. Се изработуваат по мерка и се користи локална анестезија за да се избегне болката. Нивната трајност зависи од материјалот од кој се изработени, од оралната нега на пациентот и колку се оштетени или зачувани забите на кој се поставени.

We're serious about your smile