БОНДИРАЊЕ

Бондирањето спаѓа во поновите техники за корекција на изгледот на забите и е една од најважните и најчесто користените процедури.

Бондирањето е вистински третман за оние заби кои не реаѓираат лесно на белење, но и за менување на формата на неправилно поставените заби. Тоа е многу лесна и кратка постапка која се состои од кратко стружење на забот и премачкување со специјална течност за бондирање. Течноста прави микропукнатини во површината, за да може да се сврзе (бондира) бондингот – реставративниот материјал со забната структура. Композитната смеса се обликува во саканата форма, се дотерува и полира, со што се добива убав и природен изглед на забот. Целата постапка комплетно се завршува со еден третман и кај најголем дел од случаите се изведува без локална анестезија. Со оваа техника се поправаат оштетените делови, се менуваат старите пломби со естетски материјали за полнења кои се нанесуваат на паста од композитна смола. Таа е во различни нијанси и се стврднува многу брзо кога се изложува на ултравиолетова светлина. Бондираната рестраврација трае околу 5 години и пожелно е да се замени. Покрај тоа  бара и редовно чистење и полирање затоа што е подложна на обојување.

We're serious about your smile