БЕЛЕЊЕ
НА ЗАБИ

Денешната стоматологија нуди многу начини за полесно да дојдете до посакуваната насмевка

Кога говориме за избелување на забите, не мислиме да постигнеме убава насмевка само како трендовски додаток, туку голема потреба за здраво и пријатно чувство преку убавата насмевка и поголема самодоверба. Сите заби кои се соодветно третирани, имаат совршен, здрав изглед. Со текот на годините самата боја на забите станува потемна, но и секојдневно се соочуваме со многу нешта кои придонесуваат до потемнување, т.е. пожолтување на забите- Несоодветна хигиена, одредени лекови, темно вино, наслаги од цигари… Нашата ординација ви нуди комбинација од Белење во ординација и во домашни услови. Со некои од препаратите за белење успешно ќе ја вратите бојата на забот со отстранување на дамките кои се всушност наслаги на забите. Но, некои од препаратите се потполно непрофесионални и мора да побарате совет од вашиот стоматолог.

Белење на заби во Стоматолошка ординација

Белењето на забите не треба да го гледате само од естетски аспект туку како грижа за вашето орално здравје. Тоа треба да ви биде секогаш дел од целокупната грижа за вашите заби. Кај некои пациенти се добиваат помали ефекти од очекуваните затоа што и замиот метод зависи од структурата на самите заби и од третманот кој се користи.

Во нашата ординација користиме водечки систем за белење кој ја менува бојата на забите  три до четири нијанси посветла од основната состојба. Во  релаксирана атмосфера, под перфетктна заштита и на пациентот и на стоматологот, нанесуваме специјален гел Opalescence Tooth Whitening Systems врз вашите заби и  го пенетрирање преку посебен ласер. За да се отстранат дамките и обојувањето и да се создаде блескавата насмевка, гелот и светлината дејствуваат заеднички, продирајќи низ призмите на емајлот и се дејствува диретко во дентинот, кој всушност ја дава бојата на забот . За  долготрајно зачувување на блескавата бела насмевка  ние   ќе ви обезбедиме и индивидуални позиционери кои што можат да се користат со нанесување на  професионален гел за белење во домашни услови, а воедно и спречување или лекување на луѓе што имаат проблеми со бруксизам.

Избелување на забите во домашни услови

Производителите постојано нудат широка палета на производи за белење заби. Со соврмените гелови можете да постигнете позитивен ефект. Со оваа процедура не се менува структурата на забот, туку само надворешниот изглед на забот. Користете домашен  систем за белење на заби, преку персонални позиционери! Белење, преку овој начин во домашна услови се препорачува , после избелувањето во стоматолошка ординација. Многу важно е да се користат позиционери што ќе бидат  специјално направени за вашите заби и како такви се многу повеќе практични од универзалните  и гарантираат подобри резултати во избелувањето на тешко достапните места. Во текот на постапката за белење на забите тие стануваат порозни и лесно можат да се обојат затоа во тој период  избегнувајте цигари, темно обоена храна и пијалоци.

Задржете ја вашата бисерно бела насмевка , мијте ги забите два пати на ден ! После примањето на темно обоени храна и пијалоци , исплакнете ја устата! На секои шест месеци, повторувајте ја  постапката за белење на забите и радувајте се на  својата прекрасна насмевка.

We're serious about your smile