МОБИЛНА
ПРОТЕТИКА

Протезите претставуваат мобилни помагала кај пациенти кои изгубиле поголем дел од забите или пак сите заби.
Можат да бидат: делумни (парцијални) и целосни (тотални). Според материјалот од кој се изработени, протезите се делат на: класични (целосно акрилатни) и скелетирани (визил, Wisil).

ПАРЦИЈАЛНИ СКЕЛЕТИРАНИ ПРОТЕЗИ (WISSIL)

Парцијална скелетирана протеза, познати како визил протеза, е надоместок кој е сличен на класичната протеза само по индикациите.  Тие се мобилна протетска изработка чија основа ја прави метален скелет. Овие протези се прикачуваат за природните заби со метални куки или со невидливи копчиња, кои имаат подобар естетски изглед отколку металните куки и се речиси невидливи. Коронките поставени на природните заби го подобруваат начинот на кој парцијалните протези се вклопуваат во вилицата.

Нивната предност за разлика од класичните е во тоа што ги немаат големите акрилни плочи (посебно за горната вилица). Овие Визили се изработуваат како трајна надокнада за изгубените заби, помалку се подложни на кршење, овозможуваат полесна и подобра хигиена и начин на одржување. Овозможуваат изработка на керамички коронки и мостови со што се заштитуваат преостанатите природни заби од дејството на сила кои се пренесуваат од протезата на нив. Лиените кукици најчесто се и неприфатливи за пациентите заради естетика па во тој случај се одлучуваат за атачмени кои функциониратт на принцип патрици – матрици и се естетски потполно прифатливи бидејки и воопшто не се гледаат.

КЛАСИЧНИ ПРОТЕЗИ

Доколку ги имате загубено сите заби, без разлика дали поради пародонтална болест, повреда на забите или кариес, тоталната протеза може да ги замени сите заби што ви недостигаат и да ви ја разубави насмевката. На овој начин ќе ги подобрите и здравјето и личниот изглед. Без поддршката од забите, лицевите мускули се опуштаат и лицето изгледа побавно отколку што навистина е. Со тоталните протези ќе можете да јадете и да зборувате, нешта што често не ги цениме доволно се додека не ги загубиме забите. Парцијалните протези се состојат најчесто од вештачки заби поставени на пластична основа во розова или во боја на непцето.

ПРОТЕЗИ НА ИМПЛАНТИ

Овие протези се зацврстуваат на забните импланти кои се вградуваат на вилиците. На нив се надоградуваат посебни делови во форма на топчиња кои имаат функција да ја држат забната протеза. Многу се лесни за одржување на хигиена, лесно се функционални и не прават никаков проблем при јадење и зборување.

We're serious about your smile