ФИКСНА
ПРОТЕТИКА

Коронката е надоместок кој се поставува на природниот заб за да се поправат недостатоците на оштетениот заб. Тоа се изведува на начин на кој претходно се струга забот и на него се поставува коронка која може да биде во 3 различни врсти во зависност од конструкцијата. Сите конструкции кои се направени во денториа се компјутерски подржани и комјутерски се режат, за разлика од старите методи со леење на металот.

Керамичка коронка на конструкција од метал

Овој тип на коронки имаат долготрајна цврстина и голема издржливост, но поради својата метална основа се попречува проодот на светлината, за разлика од зирконијата. Друга негативна страна е тоа што честопати можат да се јават алергиски реакции на самиот метал и потемнување на горниот дел од непцето, што е навистина непријатна појава. Нивната прифатлива цена најмногу примамува при изборот, но кога се вложува во сопственото здравје, секогаш треба да се одбере најдоброто.

Керамичка коронка на конструкција од титан

Откако титанот се користи за изработка на коронки, тој претставува првокласен избор на материјал. Компјутерски подржаниот процес на фрезирање обединува повеќе предности од досега. Вашата коронка ќе биде перфектно и прецизно изработена и подготвена за долготрајно обложување. Коронката е многу важна. Би сакале да Ве запознаеме со најзначајните работи кои го прават Титан како материјал единствен и продуктивен:

Неутралност кон алергии без никаква раздразливост

30% од целокупното население е сензитивно на алергии и овој процент е во постојан пораст. А титанот? Од хируршки интервенции, па се до коронки во последните децении во медицинска пракса не е забележан ниту еден случај на алергиска реакција.

Реактивност – перфектна заштита

Титанот е така наречен реактивен материјал. Тој ги изолира вашите коронки и мостови од хемиските напади на благи, кисели зачини, на агресивните телесни течности.

Рентген

Дијагноза преку коронка. Титанот е еднинствен материјал за изработка на коронки кој може без проблем да помине икс зракот  низ него и да се види што има под титан керамиката. За навремена и сигурна дијагноза при сомнеж на кариес, вашата коронка или мост не мора да биде отстранета. На тој начин заштедувате време, нерви , пари – бидејќи секое отстранување или замена на коронка ќе Ве чини многу повеќе.

Комфорт

Лесно и неутрално на вкус, без чувство на метал во устата. Титанот изолира топло и ладно и е 4 пати полесен од металната легура.

Керамичка коронка на конструкција од ZIRKON (БЕЗМЕТАЛНА КЕРАМИКА)

Безметалната керамика е изработена од еден вид на метал- зиркониа. Тие моментално се најпознати и најпопуларни бидејќи ниеден материјал не може да ја долови нејзината важност во естетиката и цврстината на коронките и мостовите, постигнувајќи најголема сличност со природните заби пропуштајќи ја светлината низ него. Безметалната керамика има водечко место меѓу керамичките материјали. Се одликува со голема:

  • биокомпатибилност
  • транслуцентност
  • идеална трајност и цврстина
  • естетски идеален
  • нема црни рабови покрај гингивата
  • потполна безметална конструкција

 100% Zirkonia

Сите сакаме да бидеме чекор поблиску до перфекцијата. 100% Zirkonia значи без употреба на керамика, практично е некршлива и трае подолг временски период. За разлика од класичните метало- керамички коронки кои што се изработени од легура на метал на кој се нанесува керамика, безметалните навлаки не содржат темен метал како основа и сето тоа води до екстремна естетска убавина. Единсвениот проблем кој двоуми при изборот е нејзината висока цела, но размислувајќи на подолгорочно и гледајќи го крајниот резултат, бидете сигурни дека сте го одбрале вистинското нешто и го имате направено правиот избор за совршена насмевка.

 

 

ЛАМИНАТИ

Убава вест за вас- Не мора да носите ортодонски протези или да правите коронки за да можат вашите заби да изгледаат прекрасно. Тоа ќе ви го дозволат порцеланските ламинати кои се одлична корекција на предните заби. Со нив сте на чекор до совршена насмевка. Тие се многу тенки лушпи од порцелан, но се одликуваат со многу цврстина и се транспарентни на светлина. Ламинатите претставуваат идеално решение за пациенит со раздвоени заби( дијастеми), абразивни и ерозивни заби, како и обоени заби. Со користењето на ламинати може да се промени големината, формата, бојата па дури и позицијата на забите затворајќи ги празните простори меѓу нив, при што се врши реставрирање на оштетените и напукнати заби. Ова е потполно безболен начин за подобрување на изгледот на предните заби. Стоматологијата напредува со брзина на светлината, па така и секојдневно се појавуваат новитети кои го олеснуваат оралното функционирање на човекот. Ламинатите имаат многу позитивни карактеристики и се одликуваат со голема отпорност и естетика.

Порцелански фасети

Порцеланските фасети се многу тенки школки со тенок слој на порцелан и се ставаат на предната страна од забот. На тој начин целосно се менува бојата и формата на забот. Имаат минимална дебелина и се многу ефикасни затоа што ги корегираат оштетените заби, го подобруваат изгледот, ги прекриваат површините на забите кај кои е невозможно белеење, успешно ги затвараат просторите меѓу забите и други проблеми.

 

Композитни фасети

Кога се работи за помали корекции на забите, тогаш може да се пристапи кон изработка на таканаречени композитни фасети. Тие имаат голема трајност и високо ниво на естетика и не бараат големо одрекување од буџетот.

LUMINEERS (ЕСТЕТСКИ ФАСЕТИ)

Со овие естетски фасети заборавете на стругањето, анестезијата и сите непријатности кои ги носат со себе традиционалните фасети и ламинати. Ова е огромна шанса да ја вратите својата убава насмевка со максимална естетика. Модерната стоматологија револуционерно разви технологија за зачувување на природната супстанца на забот се со цел полесно да се постигне она што е посакувано за секој пациент- совршена и здрава, природна насмевка

ПОБЛИСКУ ДО HOLLYWOOD SMILE

We are serious about your smile”. Тоа е нашето мото за кое сведочат сите задоволни пациенти. Ние се стремиме за здрава и убава насмевка. И ништо не е невозможно. Дури и насмевката во Холивудски стил не е невозможна. Убавите и бели заби покрај здравствена потреба станаа и статусен симбол. Сите важи желби можат да се исполнат со добра информираност и нормално со стручен тим и најсовремена апаратура, и сето тоа со завидна брзина и одличен резултат. Холивудската насмевка веќе не е невозможна. Од обични процедури, како естетски пломби и белење на забите, до порцелански ламинати или сложени постапки, како импланти, аплицирање вештачка коска и други постапки, ќе направат и вашата насмевка да блесне во Холивудски стил.

CAD/CAM компјутерска изработка на протетски изработки

CAD/CAM системот претставува спој помеѓу компјутерската технологија и стоматологијата. CAD/CAM кратенката значи компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка. Станува збор за високо софистицирана технологија преку која се изработуваат коронки и мостови, процес на прецизно гледање преку кое од готови керамички блокови добиваме забни надоместоци, поточно фиксни стоматолошки реставрации. Се состои од 3Д скенер, комјутер со софтвер кој може да ги планира и пресметува изгледот и формата на надоместокот. Материјалот од кој се изработуваат протетските изработки може да биде од Zirkonium Oxide или Titanium.

МОСТОВИ

Доколку имате големи празнини во устата како резултат на еден или  повеќе извадени заби, тогаш се препорачува мост. Тоа мора навремено да се санира бидејќи останатите заби може да се поместуваат од правилната положба, а исто така и отсуството на заби може да предизвика заболување на непцата и на виличниот зглоб. Мостот претставува група на поврзани коронки со помош на кој ќе се стабилизира загризот, заштитуваат од понатамошно оштетување на забите и непцата, а со тоа ќе се подобри и естетската функција.

We're serious about your smile