ДЕНТАЛНА
ИМПЛАНТОЛОГИЈА

Дали сте загрижени поради недостаток на некој заб и уплашени од процесот на повторно создавање на здрава насмевка? Не грижете се. Денториа има вистинско решение за вас.

Што претставуваат имплантите?

Тие се вештачки конструкции- замена за забниот корен, потполно се биокомпатибилни и претставуваат темел за идниот заб кој ќе се постави. Тие се вградуваат во виличната коска и се одлична замена за вашите вистински заби. Со нивната појава многу луѓе добиваат втора шанса за совршена замена на изгубените заби.

И покрај напредокот на стоматолошката протетика и стоматологијата воопшто, стандардните мобилни и фиксни протези покажуваат бројни џвакални, фонациски, естетски и други недостатоци. Заради редуцирање на тие недостатоци и постигнување поголемо фукнционално единство, стоматологијата го достигна врвот на својот развој со појавата на Денталните импланти, кои отвораат можност протетските изработки да се испланираат поинаку и далеку поквалитетно, на задоволство на пациентите.

Најпрво вашиот стоматолог прави детален преглед и темелно го испитува местото за да се направи прецизен план за поставување на имплантот. Без грижи, зафатот е безболен. Потоа имплантот се зацврстува во коската и кога стоматологот ќе одреди се поставува заб врз имплантот. Бојата, формата и големината е соодветна на забот кој недостасува со што ја задржува својата претходна функција.

Доколку недостасува коскена супстанца, што се случува кога вилицата се истенчува поради недостаток на заби? Состојбата се комплицира, но се решава со земање на коска од друго место или додавање на вештачка коска и така се надополнува изгубената коскена маса. Тие се вистинско решение за убава насмевка, но и за подобро здравствено функционирање. Ако правилно се постават, тие ги заменуваат природните заби и ги елиминираат сите проблеми. Пациентите кои имаат импланти велат дека можат подобро да ја сомелат храната, џвакаат правилно, зборуваат подобро и се посигурни во себе, затоа што имаат убави и бели заби.

Размислете добро. Ако имате некои од горенаведените проблеми со забите, заедно со својот стоматолог треба да одлучите дали ќе пристапите кон ова решение. Во ординацијата на Денториа ќе добиете целосен преглед на усната празнина и дигитална панорамска рендген снимка со што ќе се одреди како да се пристапи кон проблемот.

Она што е важно да се напомене е дека денталната имплантологија е тимска работа која ја сочинуваат специјалист од областа на оралната хирургија-спец.по Дентална имплантологија, протетичар, пародонтолог, забен техничар и секако пациент. Со други зборови многу е важно сите алки од синџирот беспрекорно да функионираат ако сакаме сигурна и успешна рехабилитација со помош на имплантите.

Денториа има извонредни резултати во полето на имплантологијата

We're serious about your smile