ОРАЛНА
ХИРУРГИЈА

Орално хируршките интервенции се специфична проблематика, но во нашата ординација се изведуваат под најсовремени услови, со цел пациентите да немаат никакви последници. Строго внимаваме на начинот на работа и стерилизација и беспрекорната хигиена е на највисоко ниво.

Кортикотомија

Кортикотомија претставува оперативен зафат кој се изведува кај пациенти чии заби не се никнати и не се гледаат во забниот низ но постојат некаде во горната или долната вилица. Со овој зафат се отстранува коскениот покрив над трајниот заб како би се олеснило и забрзало неговото изникнување. Најчесто овој зафат се употребува за ортодонско влечење на канин.

Апикотомија

Апикотомија или ресекција на корен е хирушки зафат при кој се отстранува врвот од коренот на забот заедно со присутниот патолошки процес- циста или гранулом. Најлесто оваа процедура се користи кај заби каде конзервативното лекување или ендодонски третман не дава резултати и претставува последен начин за зачувување на забот во уста.

Импакција

Импакцијата претставува рутински оперативен зафат на екстрахирање или вадење на заби, најчесто умници кои поради недостаток на простор или неправилна позиција неможат правилно да излезат (никнат). Со оглед на тоа дека умниците никнуваат последни, често или не изникнуваат или само делумно никнат во усната празнина. Самото постоење на таков умник не е индикација за вадење но најчесто во текот на никнувањето создаваат проблеми како што се воспаление на гингивата, коскен џеб или оток. Во одредени ситуации доволна е само киретажа околу умникот (кај семиимпактиран), но доколку се искомплицира процесот потребно е хирушко вадење.

Sinus Lift

Sinus Lift ( Sinus Graffting and Sinus Augmentation) претставува хирушка постапка со која се додава коска во горната вилица во пределот на молари и премолари. Коска се додава помеѓу вилицата и максиларниот синус. За да се направи место за коска мембраната на синусот мора да биде подигната нагоре (lift). Најчесто оваа постапка се користи на места и случаи каде што нема доволно коска во горна вилица или синусите се многу ниско во вилицата и не постои можност за поставување импланти.

We're serious about your smile