ЛАСЕРСКА
ТЕРАПИЈА И ХИРУРГИЈА

Ласерската стоматологија се темели врз најновата технологија која подразбира поголема прецизност и намалување на болката што претставува најефикасен начин за изведување на стоматолошки интервенции.

Ласерот е високо технолошки апарат кој генерира концентрирана светлина. Оваа концентрација на светлост во устата помага да се отстранат местата на инфекција или да се отстрани забниот кариес со голема прецизност. Ласерот ги стерилизира инфицираните места и ги затвора крвните садови, со што се минимализира можноста за инфекција или крварење. Пациентот е многу порелаксиран и поопуштен пред и по третманот. Тоа е поради минималното користење на анестезија која некогаш и не е потрбна. Не предизвикува непријатни звуци на и нема воопшто непријатно чувство затоа што и воопшто нема допир.

 

 

Позитивни страни на ласерот:

  • можност за повеке интервенции со една посета;
  • побрзо заздравување;
  • намалена можност за инфекција;
  • намалена осетливост;
  • помалку време на стоматолошка столица;
  • помалку крварење;
  • помала пост-оперативна болка;
  • забрзано заздравување на коската;
  • помала количина на анестетик.

Лекувањето со ласер опфаќа безболни третмани кај кои болката и непријатните стругања се во отсуство. Ласерот безболно го третира забот, го чисти кариесот, го лекува забот со беспрекорна стерилизација и потоа се пристапува кон естетскиот дел. Со овој третман нема анестезија, нема болка.

Ласерско третирање на непцата (GAM SMILE, GINGIVEKTOMIJA, GINGIVITIS)

Сите оние кои имаат проблем со гингивата (непцата)-Gingivitis, висока насмевка- Gam Smile или нерамномерна линија на непцата, имаат голем проблем со естетиката, поточно со убавата насмевка. Со помош на ласерот се постигнува саканиот ефект на тој начин што се отстранува вишокот на непце. Овој третман трае брзо, а заздравувањето е полесно и пократко за разлика од класичните зафати.

Со ласерската терапија многу лесно, прецизно и без интервенција од оперативни елементи се извршува и френулектомија (отстранување на ткивна ресичка) и ласерско депигментирање (кога непцата изгледаат потемни затоа што содржат поголем меланин), Gingivektomija (порамновање на висината на гингивата околу забите)

We're serious about your smile