ПАРОДОНТАЛНА
ТЕРАПИЈА И ХИРУРГИЈА (ПАРОНТОПАТИЈА)

Пародонтопатијата е заболување кое за многумина, на почетокот, претставува само мало вообичаено заболување- крварење на непцата (гингивата), но со текот на времето, кај пациентите доаѓа до ресорпција на коската околу забот и на тој начин забите ја губат цврстината и почнуваат да се нишаат. И доколку не се пристапи кон соодветно лекување, пациентите го губат забот.

Во Денториа имаме современи методи за рано откривање на ова заболување и соодветно го лекуваме. Се поставува дијасноза со најсовремена РТГ панорама. Долгорочноста на лекувањето зависи од развојот и степенот на заболувањето, но во секој случај, резулатите се видливи после неколку третмани.

Како да ја препознаеме пародонталната болест?

Многумина ја имаат, но веднаш ги игнорираат симптомите. Доколку и вие имате барем еден од овие знаци, веднаш обратете се кај вашиот стоматолог:

  • Крварење од непцата кога ги четкате забите,
  • Непријатна миризба од устата и забите,
  • Отечени непца,
  • Сменет загриз,
  • Невообичаени промени на непцата и забите
  • Лош здив

За да го спречите ова заболување или барем да го ублажите, мора да внимавате на вашата орална хигиена и да ги отфрлите негативни, лоши навики кои водат до неа, како што се: Пушење, нередовно миење заби, лоша исхрана, конзумирање на лекови (медикаменти, хемотерапевтски лекови, контрацептиви, стероиди и сл.). Многу често како фактор на ова заболување се јавува и дијабетот, збиени заби на кои тешко се одржува орална хигиена, бременоста и генетика.

Не грижете се, Денториа има и безболно лекување…

Ласерското лекување на парадонтопатијата допринесува до посоодветно  и поуспешно лекување. Има два методи на лекување- затворена и отворена киретажа. Се одликуваат со:

Затворена киретажа:

  • Минимална болка, бидејќи во поголем дел од случаите нема потреба од анестезија,
  • Без крварење, бидејќи ласерот допушта да се врши и коагулација,
  • Стерилност, бидејќи ги уништува бактериите и го стерилизира ткивото кое се работи,
  • Отсуство на конци и болка, бидејќи терапиите со ласер се сосема голема спротивност од стандардните терапии каде има потреба од шиење,
  • Лесно заздравување на третираното место, бидеќи ласерот овозможува отсуство на бактерии и го стимурира кон заздравување.

Отворена киретажа:

  • Се отвара целосно ткивото околу забот, се киретира забниот камен и целата инфекција околу забот и на тој начин механички се отстрануваат гран негативни бактерии
  • Изгубената коска околу забот ја заменуваме со вештачка коска и сето тоа се прекрива со коагуална мембрана и на тој начин се стабилизира забот.
  • Медикаменти и контрола на секои 3 месеци

We're serious about your smile