ДЕНТАЛЕН
ТУРИЗАМ

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО ОРДИНАЦИЈА

Денталниот туризам, исто така познат како стоматолошки одмор, е гранка на медицинскиот туризам. Поточно, тоа значи дека поединецот го користи својот одмор во нашата земја за медицински, стоматолошки услуги, бидејќи условите кај нас се поповолни. Поединецот добива соодветна квалитетна стоматолошка услуга, а воедно и се одмара во нашиот град. Луѓе од целиот свет се одлучуваат на овој тип на одмор, затоа што тоа претставува од една страна релаксација- бидејќи го отстрануваат стресот одмарајќи се, а од друга страна добиваат поевтини стоматолошки третмани.
Ние целосно се грижиме за нивното сместување, организирани им се сите прегледи и интервенции и нивното орално здравје е наш предизвик. Денталниот туризам е комбинација на убавото и корисното - бесплатен одмор во служба на оралното здравје! Нашата практика со години има пациенти од цела Европа. Во почетокот, најчести посетители беа наши луѓе кои живеат или работат во странство, а сега и многу странци кои дошле кај нас по нечија препорака, не пронашле на интернет и слично. Процентот на дентален туризам значително расте, бројот на пациенти кои доаѓаат од странство, и навистина сме горди што успехот е во пораст бидејќи оралното здравје кај нашите пациенти е наша најголема обврска, а нивното задоволство и здрава насмевка е нашата најголема награда. Затоа што, we are serious about your smile.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА

Не чекајте повеќе! Ве очекуваме