СЕОПФАТНА
СТОМАТОЛОГИЈА

Сеофатната стоматологија се занимава целосно со усната празнина и со сите проблеми кои настануваат на забите и устата.
Имајќи во предвид дека многу проблеми и болести во целокупниот организам во започнуваат токму од устата, сеопфатната стоматологија сериозно ги третира и алармира уште во почетокот на нивното јавување.

При сите ваши проблеми, најдобро е веднаш да се јавите кај вашиот стоматолог. Најпрво мора веднаш да се образложи проблемот, кои се вашите барања од стоматологот и сите нешта кои и претходеле на таа состојба. Од стоматологот никогаш не смеете да криете доколку имате други здравствени проблеми или болести, или евентуална алергија од некои лекови. Веднаш после тоа следуваат деталните прегледи кои се состојат од вообичаен стоматолошки преглед до најсовремени рентген снимки изработени од најпрецизниот дигитален РТГ апарат. На тој начин ќе добиеме детална, целосна анализа за денталниот статус. Секој дел во усната празнина (забите, меките ткива, функцијата на зглобовите за џвакање, синусите и др.) ќе биде темелно прегледан и соодветно лекуван. Откако стоматологот ќе ги провери и дететктира сите проблеми, се пристапува кон анализа на вашата насмевка при што се изработуваат фотографии, опечатоци од забите на пациентот и потоа се одредуваат соодветните методи за понатамошно лекување за беспрекорно функционирање. Она што е многу важно е правилото дека целата реконструкција мора да се изведе на здрава подлога и сосема нормален загриз. Сеопфатната стоматологија ви нуди поголеми шанси за здрава уста и беспрекорна насмевка. Доколку пациентот ги помине сите фази на лекување со целосна подршка од својот стоматолог, тогаш неговото орално здравје ќе биде секогаш со беспрекорно финкционирање.

We're serious about your smile